Спасовски почна да ги користи 15-те дозволени промени во МВР

Од началник на одделение, Тони Ангеловски стана државен советник на медиуми во МВР. Оливер Спасовски почна да ги користи 15те вертикални поместувања дозволени со последниот меѓупартиски договор. Прв се омрси новинарот Тони Ангеловски кој сега е државен советник за медиуми, објави Пресс 24.Брзајќи да ги унапреди блиските, Спасовски повторно направил незаконски дејства, впишувајќи го решението за унапредување на советничката на СДСМ, Магдалена Несторовска, која се уште не е преземена од Министерството за одбрана, бидејќи како што дознава Press24 министерот Јолевски бил на службено патуваше и не можел да го потпише решението.
Покрај ова, Спасовски решил да цица и од државниот буџет. Тој донел решенија за додатоци на плата за партиските кадри на СДСМ. За Славјанка Петровска има додаток на плата како државен службеник, а за Магдалена Несторовска не е прецизирано за што го добила додатокот, но тоа според извори во МВР најверојатно значи дека таа од координатор на советничка група на СДСМ е унапредена во полициски службеник или овластено службено лице што значи ќе и се зголеми палтата од 20 до 30%. Сепак, нејасно е како е унапредена на овие позиции ако се знае дека полициски службеник или овластено службено лице, согласно законот не може да биде член на совет на единица на локалната самоуправа.
Паднаа во вода најавите и на  Оливер Спасовски за професионализација и департизација на кадрите во министерството за внатрешни работи. По  низата смени во раководниот состав , Спасовски се нафрли и врз кадровскиот состав на неколку комисии клучни за работата на министерството на чии раководни места инсталираше партиски послушници  кои во  иднина ќе одлучуваат за  распоредувањата ,  унапредувањата и казните за вработените во министерството.
Со решение на  техничкиот министер  Спасовски, досегашниот   претседателот на комисијата за распоредување и унапредување на работни места во организациските единици  Горан Милески,е заменет со Љубица Јакимовска  блиска на СДСМ која со доаѓањето на Спасовски е поставена за државен советник  за правни работи во неговиот кабинет.
Истото се случува и со комисијата за распоредување и унапредување за работни места во УБК, каде на местото на досегашната претседателка  Даниела  Јаковлевска Ѓорчевска е  именуван  Горан Трајановски државен советник за телекомуникации и информатика во кабинетот на техничкиот министер Спасовски.
Промена е извршена  и во комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност во која двајца од  трите члена на комисијата , претседателот  Живко Темелкоски и членот на комисијата  Марјан Здравковски се блиски на СДСМ и  дел од актуелниот  кабинет на Спасовски.
Последната смена е направена со наредбата за комплетно отповикување на  комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност во СВР Скопје, од која  претседателот Љупчо Савевски заедно со членовите на комисијата  Бурим Рамадани и Горан Ангеловски  се заменети со  Кирил Митиќ, Рефик Ќерими и Дарко Групчев блиски до СДСМ и техничкиот министер.
Сите овие промени во кадровскиот состав на комисиите во МВР, јасно говорат за стратегијата на застрашување ,уцени и поткуп со понуди на повисоки позиции за послушниците , со која Спасовски има намера да го води министерството за внатрешни работи, притоа заборавајќи дека до крајот на неговиот технички мандат не остануваат повеќе од  седумдесетина денови.Брзајќи да ги унапреди блиските, Спасовски повторно направил незаконски дејства, впишувајќи го решението за унапредување на советничката на СДСМ, М

Пронајдете не на следниве мрежи: