Спасовски си отиде од МВР и лагите на соросовите медиуми веќе не поминуваат- смената на осомничениот Димовски, законско исправање на неправдата

Се покажува како неопходна потребата од потполно демантирање на видливо злонамерните, тенденциозните и непрофесионалните наводи, или попрецизно кажано КЛЕВЕТИ содржани во написи во некои медиуми, се вели во демантот од МВР кој го пренесува во целост 
Имено, во тие написи стои дека Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициските „Алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител и дека Министерот се соочува со кривична одговорност.
Вистината, е секогаш една и единствена, и таа е следна :
Полицискиот службеник Примислав Димовски со Решение на поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски бр. 22.6 – 7381/1 од 05. 02. 2016- та година СПРОТИВНО на членот членот 46 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија беше распореден на работното место „Началник на Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА“ во Секторот за внатрешни работи Скопје во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски при носењето на ова Решение покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, на еклатантан начин ги прекрши и членот 107, членот 108 и членот 111 став 3 од Законот за внатрешни работи, бидејќи работникот Примислав Димовски не ги исполнуваше законските услови за тоа распоредување, односно истиот спротивно на принципот на хиерархија и спротивно на Класификацијата на работните места во Министерството за внатрешни работи беше унапреден одеднаш за цели СЕДУМ нивоа, иако Законот за внатрешни работи дозволува унапредување на било кој работник за само едно хиерархиско ниво при едно распоредување.
Имајќи ги во предвид овие повеќекратни незаконитости, Владата на Република Македонија во рамките на својата Одлука – бр. 42 – 3461/1 од 07. 04. 2016-та година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2016) го ПОНИШТИ ова Решение, а тогашниот Министер за внатрешни работи наместо да го согледа своето незаконско постапување и наместо да ја испочитува Одлуката на наму надредениот орган – Владата на Република Македонија, тој ВЕДНАШ донесе ново потполно исто Решение за полицискиот службеник Примислав Димовски – бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016-та година.
Секако, Владата на Република Македонија во рамките на својата Одлука – бр. 42 – 3649/1 од 14. 04. 2016- та година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 74/2016) го ПОНИШТИ и ова незаконско Решение на поранешниот Министер Спасовски.
Во меѓувреме, Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со своја Наредба А. Бр. 165/16 од 06. 04. 2016-та година наложи полицискиот службеник Примислав Димовски да му биде доделен за работа на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Истиот од денот на донесувањето на Наредбата, па се до 20. 05. 2016-та година ниту еден единствен ден не беше ангажиран на работа кај овој Обвинител, туку и понатаму незаконски, под закрила на тогашниот Министер за внатрешни работи раководеше со Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА“ во Секторот за внатрешни работи Скопје во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, што јасно укажува на фактот дека не постоела никаква потреба за негово ангажирање во тоа Обвинителство, туку целта била да се оствари политичко-партиската контрола врз оваа Единица.
И не само тоа, туку полицискиот службеник Примислав Димовски успеа за еден таков краток временски период во кој раководеше со оваа Единица да изврши и тешка злоупотреба на неговите службени должности и овластувања, наредувајќи на своите подредени противправно ослободување на прекршител на Законот за оружјето, за што против истиот веќе се во тек соодветни кривично-правни активности.
Но, да одговориме конретно на неоснованите КЛЕВЕТИ во медиумите.
Имено, како што беше погоренаведено, Владата на Република Македонија, свесна за бројните незаконитости, а согласно членот 30 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2000, 26/2001, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015) на два пати ги ПОНИШТИ Решенијата за распоредување на полицискиот службеник Примислав Димовски.
Согласно членот 269 став 1 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2005, 110/2008, 118/2008 и 51/2011), со поништувањето на решението и со огласувањето за ништовно се поништуваат и правните последици што ги произвело таквото решение.
Тоа всушност значи дека Решението за распоредување на полицискиот службеник Примислав Димовски бр. 22.6 – 7381/1 од 05. 02. 2016- та година и повторно донесеното исто такво Решение за истиот работник– бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016-та година, од ПРАВЕН и ЗАКОНСКИ аспект престанале да постојат во ИСТИОТ МОМЕНТ кога биле донесени од страна на тогашниот министер Спасовски и заведени во Писарницата на МВР на РМ.
Сосема друга состојба би била кога овие Решенија би биле УКИНАТИ, а не ПОНИШТЕНИ. Со укинување на едно решение не се поништуваат правните последици што решението веќе ги произвело, но се оневозможува натамошно произведување на правни последици од укинатото решение.
Но, овие Решенија беа поништени, а не укинати од страна на Владата на Република Македонија, токму со цел потполно да се анулираат бројните штетни последици од незаконското распоредување на конкретниот работник.
Тоа значи дека во моментот на носењето на Наредбата на Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите на 06. 04. 2016-та година, како и оттогаш – па се до ден денес, во правниот промет на Република Македонија било единствено во сила Решението со кое полицискиот службеник Примислав Димовски бил распореден на работно место „Виш инспектор во тим за обука“ во Единицата за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Почитувајќи го овој неспорен правен факт, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков на ден 20. 05. 2016-та година донесе Решение бр. 22. 6 – 32512/1 со кое тој констатира дека, цитираме :
„На работникот Примислав Димовски, на кого со Одлуките на Владата на Република Македонија му се поништени Решенијата бр. 22.6 – 23684/1 од 12. 04. 2016 година и бр. 22. 6 – 7381/1 од 05. 02. 2016 година,му ОСТАНУВА ВО СИЛА Решението. бр. 24.7 – 75775/1 од 16. 10. 2015-та година со кое тој е распореден на работно место „Виш инспектор во тим за обука“ во Единица за специјални задачи во Оддел за специјални полициски операции во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“.
Значи, видливо од диспозитивот на ова цитирано Решение, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија м-р Митко Чавков токму со интенција да го почитува членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка не изврши било какво разрешување или распоредување на друго работно место на истражителот Примислав Димовски, туку само констатираше дека се поништени правните последици од незаконските решенија за овој работник и констатираше кое Решение останува во сила, бидејќи во спротивно тој работник нема да можеше да го сочува правниот континуитет на неговиот работен однос во Министерството за внатрешни работи.
Во овој контекст се и последните Пресуди и Решенија на Управниот суд на Република Македонија со кои се потврдува дека поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски ги повредил административните процедури при носењето на ваквите Решенија за распоредување и дека поништените Решенија за распоредување, цитираме : „се отстранети од правниот поредок и не произведуваат правно дејство“.
Неоспорен е заклучокот дека министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков ниту во минатото ниту сега го оспорува или попречува ангажманот на полицискиот службеник Примислав Димовски, како и на сите останати полициски службеници доделени на работа на Специјалното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, туку само согласно своите законски надлежности и обврски ги презема сите мерки и активности за имплементација на легалните и легитимните Одлуки на Владата на Република Македонија, коишто веќе секојдневно се потврдуваат и од надлежните судски инстанци.
Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи силно да ја поддржува работата на оваа исклучително значајна институција во нашата држава, игнорирајќи ги неоснованите закани за кривична одговорност и клеветите од најдолен вид дистрибуирани од страна на дел од медиумите, а со кои безуспешно се настојува да се поткопа досегашната коректна соработка помеѓу нашите две институции.
  
Имено, во тие написи стои дека Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полицис

Пронајдете не на следниве мрежи: