Драган Павловиќ- Латас во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ откри дека има сведок кој е сослушан од страна на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски во просторија на СЈО, на кој му е нудена уцена и бизнис. -Ќе го разгледаме учеството на Oливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ и проанешниот министер за внатрешни работи, како тој сослушува сведоци поврзани со Латас, како Оливер Спасовски уценува сведоци поврзани со Латас, како Oливер Спасовски нуди бизнис на сведоци преку локална самоуправа поврзани со Латас. Постои датум, постојат сведоци, постои место. Ова е правено во простории на СЈО, влегува Оливер Спасовски, сослушува сведоци во врска со Латас, им нуди бизнис и ги уценува. За ова е известена американската амбасада. Јас имам сведок кој е сослушан од страна на генерален секретар на СДСМ, во просторија на СЈО, на кој му е нудена уцена од лево, бизнис од десно. Тоа се методите кои што ги употребува СЈО кога сум јас во прашање. Но , не се само овие, има и други. Затоа ќе почекаме, да тече постапката, односно постапките против мене, јас ќе ги подготвувам своите аргументи, тие своите и немам намера во ниедна прилика да откривам, рече Латас.
Тој додаде дека Спасовски му кажал на сведокот дека нив ги интересирало Латас да одел во затвор.
-Генерален секретар на партија, во комунизам од 48-ма до 90-та година не влегува во зграда на СЈО да сослушува сведок и да му каже на сведокот „Нас Латас не интересира да оди во затвор, ти немој да идеш невин, работата не ти е арна, напрај го ова, ќе добиеш бизниси како што треба“. Известена е американската амбасада, со име, со презиме, известени се и други, известен е и СЈО, рече Латас.-Ќе го разгледаме учеството на Oливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ и проанешниот министер за внатрешни работи, како тој сослушува сведоц