Министерството за внатрешни работи вечерва испрати покана до медиумите за примопредавање на должноста на новиот министер, Оливер Спасовски. Новиот министер на функција ќе стапи во 9.30 часот, кога раководната палка ќе му ја отстапи техничкиот министер, Агим Нухиу, кој на чело на МВР дојде по изборите во декември.Министерството за внатрешни работи вечерва испрати покана до медиумите за примопредавање на должноста на новиот министер, Оливер Спасовски. Новиот министер на функција ќе стапи во 9.30 часот, кога раководната палка ќе му ја отстапи техничкиот министер, Агим Нухиу, кој на чело на МВР дојде по изборите во декември.
МВР ќе биде првото министерство кое ќе го преземе новата влада. Оваа институција беше бастион на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешната министерка Гордана Јанкулоска, во објавените разговори го нарекува МВРО.
Министерството за внатрешни работи е клучно и во расчистување на крвавите настани од 27. април, каде е формирана работна група која ја испитува одговорноста на полицијата и раководните органи, како и улогата на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.Министерството за внатрешни работи вечерва испрати покана до медиумите за примопредавање на должноста на новиот министер, Оливер Спасовски. Новиот