На повеќе локации во Дубровник се наоѓаат добро вооружени специјалци. Рано утрово кога започнала акцијата, сите помислиле на антитерористичка операција, меѓутоа полицијата во Дубровник тргнала во борба против дилери на дрога, пишуваат хрватските портали.
Дубровскиот дневник пишува дека не е исклучена можноста да се работи за меѓународна акција која се одвива во соработка со полицијата од соседните држави, а сето тоа да потсетува на случувањата од 2013. и акцијата Гладиус во која на подрачјето на Дубровник и соседните земји биле уапсени повеќе од 50 луѓе.
На патот стои знак за задолжително застанување, па сообраќајот се успорува поради полициските контроли.
Полицијата и специјалците биле пред едно кафуле уште од раните утрински часови.
Дубровскиот дневник пишува дека не е исклучена можноста да се работи за меѓународна акција која се одвива во соработка со полицијата



