Специјалната обвинителка и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознакиСпецијална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, дознава Нетпрес од полициски извори.
Таа, и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки.
Интересен е податокот, што во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме. Сепак откриен е идентитетот на совозачот, но нема да биде објавен.
Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство, имала сообраќајна несреќа со својот автомобил марка „рено каптур“, на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.
Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.
Зачудени од тоа како возач би можел да управува автомобил со толкава брзина по толку тесен, подмрзнат и лизгав пат, полицајците во првите моменти помислиле дека Ристоска е под дејство на алкохол. Веднаш и направиле алко-тест, но останале зачудени кога виделе дека во нејзината крв немало воопшто алкохол.
Полициската екипа, поради прекршокот, и пишала платен налог за глоба во висина од 50 евра, во денарска противвредност, на Ристоска, кој што таа го потпишала без никаков приговор.
Полициски извори велат дека со неа било дваесет и осумгодишно момче од Велес, наводно близок пријател на неколку години повозрасната Ристоска. Но, нема информација за целта на патувањето на Ристоска, односно дали станува збор за службено, или пак за приватно патување.
Иако оваа собраќајна несреќа се случила пред околу една недела, Специјалното јавно обвинителство, како и за многу други случаи досега, не излезе со никаква информација во јавноста.
За многу нешта, Катица Јанева и нејзиниот портпарол Ленче Ристоска, и’ должат објаснување на јавноста, пред се’ околу притворот за Зоран Верушевски. Но, по се’ изгледа дека двете ценат оти граѓаните не треба да бидат информирани за нивната работа, ниту да ги објаснат причините зошто му овозоможија на Верушевски шанса да влијае како на сведоците така и на истрагата за случајот „Пуч“, па дури и можност непречено да си замине од земјава. Исто така, јавноста сеуште чека информација за тоа колку точно прислушувани материјали предаде на Специјалното обвинителство лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и дали тие се оргинали, или станува збор за некоја трета копија, со оглед на тоа дека една копија на околу 70.000 сниимени телефонски разговори веќе беше запленета во фабриката за афери на СДСМ, кај нивниот член Чаушот.
Ленче Ристоска и’ стана позната на македонската јавност како портпарол на Специјалното јавно обвинителство, при тоа засенувајќи ја својата шефица Катица Јанева. Се шпекулира дека Јанева наводно добила инструкции да не се појавува во јавност бидејќи остава лош впечаток на недоволно подготвена и партиски инструирана обвинителка, па оттаму Ристоска многу бргу и многу лесно и’ го одзеде приматот.Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 годин