Под слоганот „Овој Валентин вљуби се во книга“, Издавачкиот центар ТРИ подготви специјална понуда за сите вљубени и вљубеници во книгата. Внимателно одбрани наслови, попусти и изненадувања за сите кои ја сметаат книгата за најубавиот љубовен подарок. Излегувањето од печат на Јас не сум таква е само дел од понудата на ТРИ за денот на вљубените, за која читателите може да се информираат подетално на www.kniga.mk и во Книжарницата ТРИ.Светската книжевна сензација и книгата која дигна многу медиумски прав – Јас не сум таква – само неколку месеци по официјалното излегување, ТРИ ќе им ја претстави на македонските читатели. Контроверзна и сестрана авторка, добитничка на Златен глобус, актерка и режисерка на хит-серијата Девојки (Girls), Лина Данам е вистинско креативно чудо.
На прагот на триесеттата, Данам отворено, духовито и со неверојатна зрелост пишува за сè што досега го обележало нејзиниот пат – за болните врски, за критиките и преиспитувањата, за несовршеното тело, за психичките падови, за вистинските пријателства и моќта на семејството, за уметничкиот Њујорк и за Холивуд што го губи сјајот. Оваа несекојдневна и совршено поврзана низа приказни за патот до успехот, едновремено е и одличен роман за растењето и за тоа како да научите да си поставите граници, да се поддржите себеси и да се изборите за сето она што ви е важно.
Забавна, духовита, храбра и искрена, автобиографијата на Данам е навистина поинаква книга која искрено вели: „Еј, тоа сум јас, имам мани, не сум совршена, но научив да ги прифатам и да се изборам со себе и за себе“.
Јас не сум ниту стручњак за секс, ниту психолог, ниту нутриционист. Не сум ниту мајка на три деца, ниту сопственичка на успешна франшиза за женски чорапи. Ама сум девојка со амбиција да има сè, така што се надевам дека ова што следува се само непријатни доживувања од првата линија на фронтот во таа борба.Светската книжевна сензација и книгата која дигна многу медиумски прав – Јас не сум таква – само неколку месеци по официјалното излегув