Специјалната обвинителка Јанева повторно неподготвена за „ПУЧ“Во името на целото Обвинителство барам главната расправа да биде одложена, бидејќи се уште не е завршен увидот во списите во предметот, поточно на доказите што се наоѓаат во Судот. При тоа бараме одлагање на подолг временски период и бараме да се разгледа можноста Судот да ни ги достави доказите во Обвинителството, а ако тоа не е можно, бараме од Судот да ни одреди посебна просторија во период од пет работни дена со цело работно време каде што целиот тим ќе може да ги разгледува списите и доказите од предметот“. Ова се првите реченици што ги изусти специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева во судот на вчера закажаното рочиште за предметот „Пуч“ поврзан со шпионажа, каде што меѓу обвинетите се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев. Јанева, која прв пат се појави во Kривичниот суд, откако пред еден месец го презеде случајот, беше во придружба на портпаролката на Специјалното обвинителство – обвинителката Ленче Ристоска.
Судијката Љубинка Башевска го прифати аргументот на Јанева и ја одложи главната расправа дури за 2 март. Ова е второ одложување на „Пуч“ од специјалната обвинителка од истата причина. Таа при крајот на минатиот месец не се појави на судење и писмено побара одложување на рочиштето со образложение дека ~ треба увид во судскиот предмет за „Пуч“, каде што се наоѓаат сите докази поврзани со предметот.
Според образложението на Судот, обвинителите на Јанева добиле увид во предметот на 29 декември, но поради обемноста на доказите увидот не продолжил, па сега Јанева бара повторно тоа да го направи. Судот, според зборовите на Башевска, си зеде обврска ова барање на Јанева да биде задоволено, нагласувајќи дека сепак увидот, како што наложуваат законот и праксата, ќе се врши во просториите на Судот, а не со доставување на доказите во просториите на јавното обвинителство.
По одложувањето на рочиштето, Јанева рече дека има коректен однос со Судот, но дека се работи за нова судска пракса да не му се дозволува на обвинителот да ги земе доказите, туку сам да доаѓа да ги прегледува.
– Јавното обвинителство ги доставило доказите до судот, па логично е според новиот Закон за кривична постапка, да бидат кај нас. Затоа е нашето барање да ни ги достават доказите. Но, бидејќи судот не ни го дозволува тоа, ние го почитуваме судот и ќе дојдеме тука на увид – рече Јанева.
Наспроти Јанева, освен Башевска, која коментира дека законски и пракса е увидот во предметите да се врши во самиот суд, потврда за ова добивме и од други правници. Сите тие тврдат дека увидот во предметот го вршат во судот, а го добиваат судскиот предмет кога се работи за увид по жалбена постапка, што во „Пуч“ не е случај.
Вчера во судот беа присутни сите обвинети во случајот „Пуч“. Ниту еден од нив повеќе не е во притвор, токму по барање на Јанева. Заев, кој првично не доаѓаше на судењата, откако предметот го презеде специјалната обвинителка, редовно се појавува во судницата, но главната расправа никако да почне.
извор: Дневник.мкВо името на целото Обвинителство барам главната расправа да биде одложена, бидејќи се уште не е завршен увидот во списите во предметот, поточно на