Специјалната обвинителка Катица Јанева побара одлагање на главната расправа за „Пуч“.Јанева бара одлагање на главната расправа за „Пуч“ од причина што, било потребно целосно да се запознае со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што бил доставен.
Во соопштението се наведува дека Јавно обвинителство ги подржува сите законски измени со кои се унапредува статусот на јавните обвинители во Република Македонија и нивната независност. Специјалната обвинителка смета дека со одредбата во предложениот Закон за плати на јавните обвинители, која го овластува Јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од Министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во тоа Јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и финансиска независност на тоа Јавно обвинителство. Јанева смета дека Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, јасно ги предвидува додатоците за јавните обвинители во ова Јавно обвинителство, а нивната реализација никако не можела да биде врзана со согласност од Министерот за финансии, од причина што Министерството за финансии е должно финансискиот план за работа на ова Јавно обвинителство да го вгради во буџетот и не може никако да го менува. Во соопштението специјалната обвинителка нагласува дека принципот на автономност подразбирал нејзино автономно постапување како Специјален јавен обвинител и очекува дека во предложениот Закон за плати на јавните обвинители, Јавното обвинителство ќе биде изоставено.
„Автономното, независно и професионално функционирање на ова Јавно обвинителство може да се обезбеди исклучиво со доследно почитување на веќе воспоставените принципи за негова работа и со исполнување на законските обврски и носење на Законот за јавнообвинителска служба на ова Јавно обвинителство. Оттука барам сите политички партии да го поддржат Законот за јавнообвинителска служба на ова Јавно обвинителство и пред граѓаните на Република Македонија да ги искажат своите искрени намери за непречено и функционално работење на ова Јавно обвинителство“, се вели во соопштението на Јанева.Јанева бара одлагање на главната расправа за „Пуч“ од причина што, било потребно целосно да се запознае со содржината на доказите