Специјални плати за специјалните обвинители

Специјалните обвинители признаа дека земаат плата меѓу 2-3 илјади евра. На последната прес-конференција на специјалното јавно обвинителство, тимот на Kатица Јанева ги потврди информациите дека поголем дел од вработените во СЈО имаат месечни примања меѓу две и три илјади евра.Но, освен што се изјаснија дека овие нивни надоместоци „биле во согласност со законите“, не објаснија на која основа ги заработуваат. Законот за платата и додатоците за вработените во СЈО вели дека обвинителите би требало да земаат основна плата од 65 илјади (колку што има обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција), а им следуваат и додатоци и тоа за посебните услови за работа, додаток за постоење висок ризик и додаток за доверливост. Подоцна овие додатоци беа сведени на 35 проценти од платата. Вака гледано е нејасно како дел од тимот на Јанева успева месечно да заработи и 3.000 евра со посочената ограниченост на сумите.
Ама објаснување нема, а дилемата е уште позбунувачка, особено затоа што специјалните обвинители нагласиле дека „сите во СЈО се чувствуваат безбедно“, што со други зборови значи дека реално немаат потреба од т.н. додаток за постоење висок ризик. Зошто вработени во СЈО имаат далеку поголеми месечни примања од регуларните обвинители, односно вработени во сите останати обвинителства во државава? Зарем нивните животи не се во ризик? Тие не решаваат криминали, убиства? Заради недостиг од одговор, иако ветија дека ќе го објават, засега ќе мора да се задоволиме само со придавката „специјални“ наместо објаснување. Останатите обвинители се обични, пред описот на нивната функција не стои дека се специјални. А не стои ниту пред функциите претседател на РМ, премиер, тие не се специјални. Веројатно затоа и нивните плати се пониски од овие во СЈО.
Дури и да постои објаснување за секој исплатен денар во форма на месечен надоместок, тоа не значи по автоматизам и потврда дека специјалните обвинители си ја вршат работата како што треба. Од тоа што досега го видовме поведени се неколку постапки – ама само против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, потоа уште се бројат фајловите од снимките што ги предаде лидерот на СДСМ Зоран Заев, кои според СЈО се половина милион, а според водачот на партијата – нешто повеќе од дупло… Додека ги чекаме ветените комплетни листи за парите на обвинителите и експертите, може да помине уште доста време. А тоа значи нереално висок месечен приход во џебот на неколкумина, без образложение на која основа го добиваат, иако се должни да реферираат како вршител на државни функции. Но, значи и уривање на кредибилитетот.
Искра Коровешовска за ДневникНо, освен што се изјаснија дека овие нивни надоместоци „биле во согласност со законите“, не објаснија на која основа ги заработуваат. З

Пронајдете не на следниве мрежи: