Специјалното јавно обвинителство врши предизборен политички притисок и сака да ги заплаши членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство врши предизборен политички притисок и сака да ги заплаши членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Голем број на членови на партијата до сега се повикани во ова јавно обвинителство при што врз нив се вршел притисок, да одговорат дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ и дали давале донации на партијата.Антонио Милошоски пред една недела на прес конференција објави дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се повикувани во СЈО да даваат изјави, сведочења и искази и при тоа уште еднаш подвлече дека со ваквите постапки само се докажува дека СЈО е продолжена рака на СДСМ.
-Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, како тече обично разговорот помеѓу некој од тимот на Катица Јанева и одредени луѓе кој што се повикани од ВМРО-ДПМНЕ, најчесто им викаат: „Никој нема да ти каже фала, доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава како што ни е потребна, доколку не следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме, ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството. На ваков начин со притисоци СЈО се обидува да натера луѓе кој што се поканети, а се членови на ВМРО-ДПМНЕ да дадат лажни искази во врска со одредени предмети, кој што СЈО политички ги конструирал, појасни Милошоски.
Не е прв пат СЈО да настапува како продолжена рака на СДСМ, а според начинот на кој ја трасираат својата работа, можеме да претпоставаме дека нема ни да биде последен. Граѓаните можат да очекуваат дека СЈО ќе настапи како политички партнер на опозицијата во претстојните предвремени парламентарни избори.
Дел од граѓаните кои биле повикани во СЈО, сведочат за начинот на кој биле третирани:
-Бев повикана во СЈО на разговор и таму ме распрашуваа дали сум член на ВМРО-ДПМНЕ и дали сум донирала средства во партијата. Јас им кажав дека сум член на ВМРО-ДПМНЕ од пред повеќе од 15 години и дека сум донирала средства во партијата и дека тоа ќе го правам и во иднина. Сметам дека ваквите активности на СЈО се со цел да внесат страв, закана и заплашување кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата, односно тоа е една своевидна кампања на СЈО. Ваквите закани и заплашувања не се во функција на правда, туку повеќе се во политичка функција, тврди Дужа Матевска.
-На 31.10 бев повикан во СЈО на разговор. Таму бев запрашан дали сум член на партијата ВМРО-ДПМНЕ и дали сум давал донации за истата. Нормално, јас одговорив дека сум член на партијата веќе 26 години и дека сум еден од основачите на партијата во Охрид.  Имам давано донации и ќе давам во рамките на моите можности, вели Стефан Трпеноски од Охрид.
-Се повикуваат голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа ќе наиде на контра ефект, затоа што јас како функционер и долгогодишен член на партијата, кај мене желбата е се поголема и поцврста  за работа и ќе донирам повеќе средства во самата партија. Исто така и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се обединат и ефектот ќе биде една голема победна за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, изјавува Ангел Бојаџиев од Штип.
После ова се наметнуваат прашањата дали СЈО во своето обвинителство повикало членови и симпатизери на СДСМ за да ги праша дали се членови на таа партија и дали даваат донации? Токму поради ова, се обидовме да добиеме одговор од СЈО дали повикале членови на СДСМ за исказ и дали имаат отворено истрага за финансирањето на СДСМ?
Повеќе од еден час по испраќањето на прашањата, до сега немаме добиено одговор. Доколку се земе во предвид досегашната практика, можеме да заклучиме дека нема ни да добиеме, бидејќи последните неколку месеци СЈО не одговори на ниту едно наше прашање упатено преку мејл, иако на своите прес конференции ги упатуваат новинарите, токму така да ги адресираат прашањата до ова јавно обвинителство.Антонио Милошоски пред една недела на прес конференција објави дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се повикувани во СЈО да даваат изјави, сведочења и искази

Пронајдете не на следниве мрежи: