Денот на независноста на Република Македонија ќе биде одбележан со спектакуларен музички концерт на кој ќе настапат познати наши изведувачи како Каролина Гочева со нејзиниот бенд, групата Суперхикс и Аделина Тахири.
Македонија и годинава достојно ќе го одбележи денот на независноста со спектакуларен концерт утре со почеток од 20:30 часот на плоштадот „Карпошово востание“. Освен низа спортски настани, големиот љубилеј утре ќе го прославиме и со песна.
Македонските граѓани на новиот грандиозен плоштад уште еднаш ќе се сплотат славејќи ја независноста на својата земја. Курир ги дознава деталите за програмата, која е исполнета со македонски изведувачи, добра музика и неколку изненадувања.
„Ќе биде поп-рок концерт на новиот плоштад кај споменикот на Филип Втори. Еден час ќе настапува Каролина Гочева со бендот, потоа Суперхикс, па Аделина, а ќе има и диџеј. Ќе има спектакуларен огномет и некои други изненадувања“, вели Дејан Пројковски за Курир.
За достојно одбележување на големиот ден спроведена е и посебна кампања во средствата за информирање чиј слоган е „Нашето единство, наша победа!“. Токму на овој голем ден за Република Македонија, нашите кошаркари играат исклучително важен натпревар на Евробаскетот во Словенија. Победата која ја очекуваме во натпреварот кој треба да стартува во 14:30 часот, треба само да биде почеток на славјето, кое ќе продолжи и утревечер со спектакуларниот концерт на плоштадот Карпошово востание.
Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Нашето единство, наша победа“, се одбележува со повеќе спортски, културни и музички настани.
Од 31 август до 8 септември во рамки на неделата на спортот, покрај редовните спортски активности, се организраат и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните.
„Ништо не може повеќе да не зближи, да не израдува и да не направи единствени како што тоа го прави спортот. Спортот не прашува како изгледаш, кој јазик зборуваш и која религија почитуваш. Едноставно ја сплотува нацијата кога таа е во исчекување на заедничкиот успех. А за тој успех може секој да придонесе. За тој успех секој има заслуга, од спортистите па се до навивачите. И кога напорно тренираме и кога пред телевизорите навиваме ние даваме дел од себе кој е клучен за заедничката победа. Спортот гради здрава нација промовирајќи натпреварувачки и победнички дух. Токму затоа оваа година најголемиот државен празник – 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија ќе го дочекаме со спортски дух и победничко срце преку организирање на еднонеделна манифестација со најразлични спортски активности. Да ја поддржиме неделата на спортот и да го дадеме нашиот придонес за заеднички успех, а 8-ми Септември да го дочекаме во духот на спортот, дружењето, почитувањето и заедничката соработка! Со спортот победуваме заедно, Македонија победува“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Курир.мкМакедонија и годинава достојно ќе го одбележи денот на независноста со спектакуларен концерт утре со почеток од 20:30 часот на плоштадот „Кар