Овој човек во својот телефон, како трофеј чува слики од сите девојки со кои спиел, но како што тој кажува, само сака да ја запознае вистинската.Овој човек е зависник од друштвените мрежи, каде запознал 100 девојки со кои спиел.
42-годишниот Џон Дил од Британија, признал дека не е искрен со девојките кои ги запознава преку интернетот, а во својот телефон чува слики од сите жени со кои тој спиел.
– Само сакам да ја пронајдам “онаа вистинската,, и знам дека е таму некаде, кажува Џон.
Што е за Вас вистинска љубов?
Џон тврди дека е во потрага по вистинската љубов, но не сме баш сигурни во тоа, бидејќи наликува на колекционер што собира фотографии на девојки со кои спиел.
Меѓутоа, кажува дека не му е тешко се да избрише кога би успеал да ја најде онаа со која би се смирил.
Кога одлучил да излезе во јавност со приказната за неговата опсесија за запознавање на девојки преку интернет страните, девојката со која бил во тој период го оставила.
Кога станува збор за запознавањето преку интернет, тој кажува дека тоа е нешто што го заменило излегувањето.
– Кога имав 20 години често излегував и не ми беше тешко да запознаам некој, но денес не е исто. Друштвените мрежи донесоа револуција – кажува Џон
Убеден е дека преку сајтовите за запознавање ќе ја пронајде вистинската.
– Навистина сум во потрага по вистинска љубов. Верувам дека постои некој за секој од нас, па и за мене. Се надевам дека ќе ја најдам онаа што го бара истото што и јас – кажува Џон.
Овој човек е зависник од друштвените мрежи, каде запознал 100 девојки со кои спиел.