Спиете лошо? Имате чудни соништа? Еве која е причината за тоа!

Вечната мистерија – зошто сонуваме лоши соништа?!
Покрај тоа што имаат лошо име, имаат и лошо влијание на нашето здравје. Не само што не не оставаат да спиеме, туку и можат да ни го загрозат животот.Лошите соништа се случуваат во текот на REM фазата од сонот, а обично не будат облиени во ладна пот и многу добро сеќавање за тоа што сме сонувале.
Divinecaroline.com наведува неколку главни причини кои ги предизвикуваат лошите соништа, па вие пронајдете која од нив најчесто го прекинува вашиот ноќен заслужен одмор.
1. Нервоза и стрес
Нервозата и стресот се често последици на некоја траума, а меѓу нив, според истражувањето на “Меѓународното здружение за истражување на соновите”, се наоѓаат болестите, операциите, жалењето за починатите личности и сличните случувања.
Покрај тоа, тука се и секојдневните стресни ситуации на работа, финансиските проблеми, преселувањето, лошите брачни односи…
2. Зачинета храна
Во едно истражување, група здрави луѓе јаделе многу зачинета храна пред спиење, што во споредба со вечерите кога јаделе нормална храна, било многу трауматично за нивниот сон.
Луѓето подолго останувале будни, полошо спиеле и сонувале лоши работи. Меѓу објаснувањето е подигнувањето на телесната температура поради зачиненатата храна, а и обилната вечера пред одењето во кревет била лош избор, бидејќи така се убрзувал метаболизмот и мозочната активност, што резултирало со лоши сонови.

 
3. Маснотии во храната
Некои истражувања покажаа дека има врска помеѓу масната и нездрава храна и лошиот сон, во споредба со прехраната со органска храна, која во ниеден од случаите не била причина за лош сон.
4. Алкохол
Секако дека и алкохолот се најде на листата, поради тоа што и покрај фактот дека алкохолот успива, кога ќе исчезне од телото обично ве разбудува во текот на ноќта. Но, и до тогаш нема лесно да спиете бидејќи соновите ќе ви бидат, скоро без исклучок, лоши.

 
5. Лекови
Некои лекови, како што се антидепресивите, можат да предизвикаат ноќни мори. На пример, кетаминот, спој кој се употребува за анестезија, а има и своја илегална примена, во споредба со пласибо ефектот, предизвикува многу чести лоши сонови.
Еднакво влијание има и лекот против маларија, но и во двата случаи ноќните мори престануваат кога лекот не е веќе присутен во организмот.
6. Болест
Болестите кои се пропратени со покачена температура, како што е грипот, често предизвикуваат ноќни мори. Секако, болестите поврзани со спиењето, апнеата и нарколепсијата, исто така ја зголемуваат зачестеноста на лошите соништа.
Во случај да имате лоши сонови многу често, се препорачува посета на терапевт, но прво уште еднаш прочитајте ги овие шест причини и проценете дали можеби еден од нив е виновен за вашите ноќни мори.Лошите соништа се случуваат во текот на REM фазата од сонот, а обично не будат облиени во ладна пот и многу добро сеќавање за тоа што сме сонувале.

Пронајдете не на следниве мрежи: