Кога имала само 17 години, а тој 40, Моли се заљубила во својот професор. На почеток тоа бил невин флерт, разговори на одморите. Околу година дена нивниот однос бил на тоа ниво – се` до денот кога професорот ја повикал неа и уште неколку ученици на консултации после наставата. Откако сите се „разбегале“, двајцата останале сами. Во искрена исповед Моли ги изнесува деталите од својата забранета афера за Гардијан.Тој ден професорот ме повика мене и уште неколку колеги во својата канцеларија. Консултациите околу наставата се претворија во разуздана забава – пиевме, пушевме „трева“… Одеднаш останавме сами – на каучот. Опиени, се препуштивме на страстите. Беше тоа почеток бидејќи нашето дружење стануваше се` почесто, понекогаш и опасно. Доаѓаше на моите забави дома и остануваше да преспие.
Се запознав со неговите мали синови, па дури и ја запознав неговата мајка. Една вечер премногу се занесовме и не улови полицаец во автомобилот. Го казни за возење под дејство на алкохол. Веста заврши во весниците.
Јас нашата врска не ја криев од семејството и пријателите. Ги запозна и моите родители. На тато му беше симпатичен, но мајка ми беше против, велеше дека изгледа како опасен тип. Пријателите имаа различни мислења – на некои им се допаѓаше нашата љубов, додека други беа „загрижени“. Мене ми беше убаво, знаев колку храброст ни треба за да излеземе во јавност.
Една вечер, после секс, ме праша дали сум го гледала филмот Менхетен. Тогаш имав 20 години и секако не го имав гледано. Го пушти. Во филмот, Вуди Ален глуми маж кој е два пати разведен и се забавува со 17-годишна девојка. Кога ја запознава со пријателите, вели: „Постар сум од нејзиниот татко, можете ли да верувате во тоа?“ На крајот од филмот ликот на Вуди ја остава девојката да истражи што уште животот и` нуди и таа го остава.
Се сеќавам дека се наежив откако го гледавме филмот. Тогаш не знаев зошто се чувствував толку лошо, но сега, десет години подоцна, знам – јас за него бев само авантура, играчка со која ја лечеше својата криза на средни години. Сфатив дека гледањето на филмот Менхетен беше своевидна игра. Јас за него бев игра. Но и потоа, нашата врска продолжи.
На последната година на факултет, професорот ме убеди да учествувам на еден семинар, требаше да прочитам книга од преку илјада страници, но не успеав бидејќи го поминував времето со него.
Во тој момент почна „ладењето“ – се ближеа роковите, требаше да дипломирам, а помислата дека „тој“ ќе ме оценува беше премногу за мене. Играта со него веќе не ми беше забавна. Морав да прекинам. Бидејќи двајцата бевме со несредени чувства, раскинувањето не настапи веднаш, се гледавме уште некое време, пиевме и се сексавме.
Тогаш, еден ден, се отсели, како и јас. Конечно живеевме доволно далеку да можеме да свртиме нова страница во нашите животи. Од сето ова научив дека секс игрите може да бидат забавни – но ако срцето и егото го држите под контрола.Тој ден професорот ме повика мене и уште неколку колеги во својата канцеларија. Консултациите околу наставата се претворија во разуздана забава &nd