Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза, оценува реномираниот германски весник Шпигел во опсежната анализа посветена токму на предизвиците со кои се соочува Европа во однос на ова прашање.Човекот што е главно одговорен за превенирање на бегалците од Грција да го продолжат својот пат кон север е Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија, пишува германски Шпигeл.
Шпигел во анализата за бегалската криза пренесува и изјави од интервјуто направено со македонскиот претседател.
Од својата резиденција во вилата на Водно, во јужниот дел на Скопје, Иванов тврди дека „Македонија ѝ е најблискиот сојузник на Грција“, објавува Шпигел.
– Затворањето на границата со Грција е само реакција. Секогаш кога некоја земја на север од нас ќе го ограничи протекот на своите граници, ние го правиме истото. Македонија јасно стави до знаење дека може да издржи 2.000 мигранти во исто време да патуваат низ земјата. Македонија можеби не е во ЕУ, но сепак се однесуваме поодговорно од некои земји-членки на ЕУ, изјавил претседателот Иванов во интервјуто за Шпигел.
Тој вели дека не можел повеќе да чека Брисел да донесе одлука, зашто во спротивно Македонија ќе беше преплавена од бегалци.
– Во време на криза, секоја земја мора да наоѓа свои сопствени решенија, порачува македонскиот претседател во интервјуто.
Зборовите на Иванов се реквием на визијата за една Европа што може да најде заеднички одговори на проблемите со кои поединечните земји не можат да се справат сами, коментира реномираниот весник.
„Но, работите изгледаат различно во реалноста. Односите меѓу двете земји се напнати откако Македонија стана независна држава, пред сè затоа што Грција не е подготвена да го прифати тоа дека нејзиниот северен сосед има исто име како една од нејзините провинции. Европа е комплициран континент“, пишува весникот.
Во написот на Шпигел се анализираат потезите на Брисел во однос на бегалската криза, се пренесуваат ставовите на Германија, на Австрија, на земјите од Вишеградската група, се анализираат состојбите во Грција, а авторите на крајот констатираат дека поради неединството на Европа, на Балканот се раѓа вистинското решение за бегалската криза.Човекот што е главно одговорен за превенирање на бегалците од Грција да го продолжат својот пат кон север е Ѓорге Иванов, претседателот на Македони