Во албанскиот приморски град Саранда откриен е споменик на поранешниот американски државен секретар и демократски кандидат за преседател на САД, Хилари Клинтон, пренесува МИА.Споменикот, според локалните власти, е поставена во знак на благодарност за придонесот што таа го дала „за Албанија на меѓународна сцена, за Албанците во значајни историски мигови и воопшто за албанското прашање“.
Одлука за поставување на споменикот на Хилари Клинтон беше едногласно донесена од страна на општинскиот Совет кон средната на минатиот месец.
– Откривањето на споменикот нема никаква врска со претседателските избори (во САД), изјавил авторот, познатиот албански склуптор Идриз Балани.
На свечноста присуствуваа локалани жители, граѓани од Косово, градоналачничката на Саранда, Флорјана Кока, како и гувернерот на Дипломатската мисија за мир и напредок, Шефки Хиса.
Споменикот е поставен во градскиот парк.
Инаку ова е втор споменик на еден член од семејството Клинтон на овие простори, откако во Приштина во 2009 беше поставен споменик на поранешниот американски претседател и сопруг на Хилари, Бил Клинтон за „неговиот придонес за ослободувањето на Косово“.
Во Албанија, последните години, споменици веќе добија американските претседатели Вудроу Вилсон во Тирана и Џорџ Буш во Фуш Круја, како и Ричард Холбрук во Фиер.Споменикот, според локалните власти, е поставена во знак на благодарност за придонесот што таа го дала „за Албанија на меѓународна сцена, за