Споменик на Меланија Трамп во Босна и Херцеговина

Првата дама на САД, Меланија Трамп следниот месец ќе добие свој споменик во босанскиот град Бања Лука, пишува „Сараево тајмс”.Гипсената статуа на госпоѓа Трамп во природна големина, која е родена во Југославија, ќе биде откриена спроти зградата на фабриката за обувки „Бема” на 20 јуни годинава.
Иницијативата за нејзино поставување е на директорот на претпријатието. Неговата цел е, како што вели, да привлече внимание кон градот и да придонесе за подобрувањето на односите помеѓу Вашингтон и Сараево.
– Ние се надеваме во иднина од САД да добиме пријателство, наместо оние бомби што српскиот народ ги доби од Бил Клинтон, нагласил тој.
Неговата компанија и испрати и обувки од својата линија на американската прва дама, по повод изборот на Доналд Трамп за претседател.
Меланија Трамп е родена во 1970 во Словенија, која тогаш беше составен дел на СФР Југославија.Гипсената статуа на госпоѓа Трамп во природна големина, која е родена во Југославија, ќе биде откриена спроти зградата на фабриката за обувки &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: