Вкупно 40,4 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила на претстојните парламентарни избори, додека за СДСМ се 15,6 отсто, за ДУИ 7,7, а за ДПА 2,2 процента. ВМРО-ДПМНЕ е пред СДСМ и во однос на останатите прашања. Вкупно 58.9 од анкетираните би и дале на ВМРО-ДПМНЕ да ја води економијата во државата, а 25,3 на СДСМ, според 48,5 отсто владејачката партија има подобра програма и подобар политички кадар од опозициската, 22,1 процент, а според 49,1 процент ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со безбедноста во државата во однос на СДСМ која за ова прашање добила поддршка од 25,7 отсто граѓани. Резултатите покажуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ, според 62,7 отсто од испитаниците, повеќе држи до дадениот збор од СДСМ, 19,2 отсто.Најмногу граѓани на предвремените парламентарни избори, 25,9 отсто, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 15,7 проценти би биле за СДСМ, 5,1 отсто за ДУИ, а 2,7 за ДПА, покажува најновата телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена од 26 до 29 септември годинава.
Според анкетата, од политичарите, најголема доверба кај граѓаните има Никола Груевски, 28,2 отсто, а по него се Зоран Заев, со 8,8 проценти, Али Ахмети, 5,5 и Мендух Тачи, 2,8 процента. Неопределни по ова прашање се 18,4 отсто од граѓаните, а за ниту еден се изјасниле 30,6 отсто.
Вкупно 40,4 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила на претстојните парламентарни избори, додека за СДСМ се 15,6 отсто, за ДУИ 7,7, а за ДПА 2,2 процента.
Граѓаните, 52,7 отсто, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би направила повеќе за економскиот напредок на Македонија во однос на СДСМ. За опозициската партија на ова прашање гласот го дале 25,4 проценти од испитаниците, а 21,9 биле рекле дека не знаат.
ВМРО-ДПМНЕ е пред СДСМ и во однос на останатите прашања. Вкупно 58.9 од анкетираните би и дале на ВМРО-ДПМНЕ да ја води економијата во државата, а 25,3 на СДСМ, според 48,5 отсто владејачката партија има подобра програма и подобар политички кадар од опозициската, 22,1 процент, а според 49,1 процент ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со безбедноста во државата во однос на СДСМ која за ова прашање добила поддршка од 25,7 отсто граѓани.
Резултатите покажуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ, според 62,7 отсто од испитаниците, повеќе држи до дадениот збор од СДСМ, 19,2 отсто.
Телефонската анкета е спроведена на 1.260 испитаници за, како што наведува Институтот, да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија.
Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението, пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење.Најмногу граѓани на предвремените парламентарни избори, 25,9 отсто, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 15,7 проценти би биле за СДСМ, 5,1 отсто за ДУИ,