Нема позитивни прогнози за грчката економија. Се очекува дури и да продолжи да тоне. Еве што пишува Волфганг Минхау.Тој пишува дека меѓу 2008 и 2013 година бруто домашниот производ на Грција е намален за 23,5 отсто, а инвестициите за 58,4 проценти. Истовремено, невработеноста во јануари изнесува 26,7 отсто, а младинската невработеност 60,4 проценти.
Од 2,8 милиони грчки домаќинства, 2,3 милиони имаат даночни обврски што не можат да ги намират, пензиите се основен извор на приход за 48,6 отсто од Грците, додека 3,5 милиони работници треба да обезбедат приходи за 4,7 милиони невработени или финансиски неактивни.
Со државен долг што годинава се очекува да достигне 177 проценти од БДП, Грција не привлекува многу реални инвестиции, ниту пак земјата може да генерира внатрешни инвестиции поради пропаднатиот банкарски систем, пишува авторот на британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Минхау тврди дека за првпат откако е во криза, Грција е во состојба да прогласи прекин на плаќањата, објаснувајќи го тоа со фактот дека „Грција има примарен суфицит пред плаќањето на каматите“.
Извор: КурирТој пишува дека меѓу 2008 и 2013 година бруто домашниот производ на Грција е намален за 23,5 отсто, а инвестициите за 58,4 проценти. Истовремено, н