Според извештаите на Дуинг Бизнис: Од 2007 година до сега напредок од неверојатни 84 места

Светска банка во својот последен „Дуинг бизнис“ (Doing business) извештај за 2017 година ја рангираше државата на десеттото место во светот и на петтото во Европа во однос на леснотијата за водење бизнис.Ова е историски резултат за Македонија и тој призлегува од големата посветеност и труд на Владата на Р. Македонија, истакна Владимир Пешевски, заменик претседател на владата задолжен за економски систем.
Р.Македонија е петто рангирана земја во Европа, а пред нас се само Данска, Норвешка, Велика Британија  и Шведска. Според овој извештај Р.Македонија е земја со најдобра бизнис клима на Балканот, но и во регионот на Европа и Централна Азија. Нашите соседи се далеку зад нас.
-Во споредба со извештајот „Дуинг бизнис“ 2007 пред 10 години кога оваа Влада го презеде водењето на Р. Македонија забележан е напредок од неверојатни 84 места, рече Пешевски.
Тој посочи дека ова рангирање на Македонија се должи на 30-те реформите кои се спроведени во државата.
-Резултатите од „Дуинг бизнис“ се особени важни за Владата. Не радува што од светски рангирана институција имаме напредок од 39 позиции. Овие резултати може да бидат и подобри доколку овие 10 години, а посебно последните 2 не ни се испречија неколку комплексни ситуации кои го забавуваа процесот на спроведување на реформите, рече Пешевски.
Процедурите за водење бизнис во Македонија се поедноставени и скратено е времето и трошоците, истакна министерот за финансии Кирил Миноски.
-Благодарение на реформите кои ги прави Владата, побрзо и поефтино се стопанисува во однос на минатото. Македонија е високо рангирана, а даноците во нашата земја се меѓу најниските во светот, рече Миноски.
Тој додаде дека во споредба со Европските земји, Македонија може 5 пати побрзо да се увезе и извезе стока.
-Основен наш приоритет е креирање на работни места и отворање на нови инвестиции, потенцира Миноски.Ова е историски резултат за Македонија и тој призлегува од големата посветеност и труд на Владата на Р. Македонија, истакна Владимир Пешевски, заме

Пронајдете не на следниве мрежи: