СПОРЕД ЈУГОСЛОВЕНСКО СЦЕНАРИО: Како изгледа животот во Доњецк?

Човечки жртви, затворени претпријатија, трипати повисока цена на храната – ова се резултатите од воената состојба во самопрогласената Доњецка народна република.„Киев е виновен за состојбата во регионот кој во еден момент сакал да се соедини со Русија, па во друг да биде независен“, велат бунтовниците.
За да го поминат контролниот пункт и да влезат во областа која се наоѓа под контрола на бунтовничките сили, патнички автомобили овие денови чекаат и по седум часа. Камионите многу повеќе.
Имено, Украина не ја пропушта робата во таканаречената ДНР. Од Русија не се увезува роба – официјално. Цените се многу повисоки од остатокот од Украина.
„Нема воспоставена шема како да се работи со Русија кога станува збор за увозот на храна, а Украина прави уште еден престап кој се граничи со геноцид, бидејќи во целост го сече увозот и ја затвора линијата на разграничување за пренос на било какви производи“, истакнува Андреј Пургин, претседател на Народниот совет на ДНР.
Работат неколку продавници за храна, аптеки, некои продавници за облека и тоа сите со скратено работно време. Само околу 30 проценти од претпријатијата во регионот работат. Повеќето, вели Пургин, му припаѓаат на олигархот Рунат Ахметов.
Од април, ДНР почна да исплаќа пензии во рубљи. Парите се, велат, од Русија. Од тој правец тука гледаат и решение.

„Доњецката област никогаш не можела самата да си обезбеди храна, ова е индустриски крај. Јас се надевам дека ние некако ќе се договориме со Русија и дека тие ќе ја отворат границата за нас. Макар и за увоз на храна. Инаку ќе паднеме во хуманитарна катастрофа и никаква хуманитарна помош нема да нѐ спаси“, вели Пургин.
И додека околу градот и во областа под контрола на бунтовниците полињата зараснале во трева, според официјалната статистика, половина од ораниците не се засеани. Доњецк е накитен со мотивациони плакати за обнова и изградба, национализација на компаниите и за тоа дека сè штотуку почнува. Има и такви кои веруваат во светла иднина, но и такви кои не се убедени во тоа.
„Рударите ќе влезат во рудниците да копаат јаглен без страв дека некој ќе отвори оган врз нив, а селаните ќе можат мирно да ја носат стоката на пасење и да произведуваат месо. Тоа ќе се случи кога ќе престане војната од страна на Украина и кога ќе престанат да пукаат во нас. Ние секогаш сме биле самостојни“, се надева една жителка на Доњецк.
„Индустријата не работи, нормалните луѓе немаат работа. Захарченко вети дека економијата ќе проработи – не работи. Крајниот резултат е дека Русија тука ги посеа и своите гранати и своите рубљи. Сега чекаат да дојде некој господин и сè да реши. Ниту Путин, ниту Порошенко не планираат никого да издржуваат“, истакнува еден жител на Доњецк.
Како што велат, ќе чекаат да видат како ќе се решава политичката ситуација, а тие како и секогаш, ќе се прилагодат на тоа.
Самопрогласената република најавува дека наскоро ќе почне да наплаќа комунални услуги, а се подготвува и да наплаќа данок од претпријатијата кои се регистрирани да работат.„Киев е виновен за состојбата во регионот кој во еден момент сакал да се соедини со Русија, па во друг да биде независен“, велат бунтов

Пронајдете не на следниве мрежи: