Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Боби Милевски, на прес-конференцијата во пресрет на реванш-дуелот со Стеауа, вели дека за успех во Европа бил потребен подолг период.
„Да бидеме реални, и време е веќе да не се самозалажуваме. За било која македонска екипа да, биде конкурентна во европски рамки потребен е еден подолг процес. Не може во фудбалот да се очекуваат резултат а притоа да се работи стихијно. А, сите ние во македонскиот фудбал, за жал се до денес работиме стихијно“ вели Милевски.
Според тренерот на Вардар, потребни се вложувања во инфраструктурата и најмладите категории.
„Не е тајна дека за да се успее апсолутно се потребни константни вложувања и тоа почнувајќи од инфраструктурата, па потоа во најмладите категории, согласно јасно утврдена програма и тоа најмалку 4-5 години… Па дури потоа да дојдеме во ситуација да се надеваме дека може да очекуваме некој успех на европската сцена“ изјави Милевски.
Извор/Фото: fkvardar.mkТренерот на македонскиот шампион Вардар, Боби Милевски, на прес-конференцијата во пресрет на реванш-дуелот со Стеауа,