Според особините и афинитетите, на секој хороскопски знак може да му се припише по една СУПЕРМОЌ! Која е Вашата?

Според типичните особини и афинитети, на секој хороскопски знак може да му се припише по една супермоќ. Дали ве интересира да дознаете која би можела да биде таа?Овен – неограничена енергија
Припадниците на овој знак лесно би можеле да бидат суперјунаци, а посебната моќ која се крие во нив е нивната неограничена енергија. Таа особина излегува на виделина кога тие имаат цел која сакаат да ја остварат – тоа им дава сила да се движат побрзо од куршумот, да прескокнуваат згради, да не спијат, не јадат; само за да го добијат посакуваното.
Бик – суперсила
Не се вели за џабе „силен како бик“. Да, припадниците на овој знак имаат само една моќ, а тоа дефинитивно е суперсилата. Тоа се однесува на физичката и емоционалната издржливост пред предизвиците, како и носењето со тешките ситуации. Биковите навистина тешко можат да се скршат.
Близнаци – ментално снимање
Припадниците на овој знак во светот на суперјунаците би биле оние кои би ја имале способноста да впијат огромни количества на информации за неверојатно кратко време. Било да читаат весници, да ги набљудуваат луѓето околу себе или да учат нешто, нивната ментална енергија и капацитетот на мозокот се вистинско чудо.

Рак – моќ за сочувство
Припадниците на овој знак се одликуваат со огромна емпатија. Тие се способни да сфатат и да ги разберат скоро сите работи околу себе, да се поврзат со секоја емоционална состојба и воопшто да воспостават врска со секој човек, растение или животно на Земјата.
Лав – господар на огнот
Нивниот жежок темперамент, заедно со моќта која ја добиваат од Сонцето, припадниците на овој знак лесно ги прави да бидат господари на огнот. Тие можат да создадат оган од било што – само ако малку се налутат. Но, тие со својот пламен можат да ги заштитат блиските и да ги нападнат нивните непријатели.
Девица – човечко торнадо
Брзината и интензитетот кој ги краси припадниците на овој знак, во светот на суперјунаците би ги претвориле во човечко торнадо. Благодарејќи на способноста за размислување пет чекор однапред, Девиците можат да внесат вистинска гужва во својата околина и да ја „пореметат“ како торнадо, кое доаѓа и си заминува уште пред да објасни која е неговата цел. Но, бидете уверени дека потоа тие го добиваат саканото.

Вага – менување на облик
Припадниците на овој знак ги краси една практична способност – моќта за прилагодување. Таа нивна моќ им овозможува да го искусат животот преку разни позиции и облици.
Скорпија – проникнувач во душата
Припаданиците на овој знак дефинитивно би имале вештина за „читање“ на туѓите души во светот на суперјунаците. Благодарејќи на својата аналитичка природа и способноста за перцепција, тие подобро од било кој друг знак можат само при гледањето во нечии очи да ги проценат чувствата, која е нивната цел и кои се всушност тие.
Стрелец – детектор за лага
Припадниците на овој знак ги краси способноста со леснотија да ја извлечат вистината од луѓето. Затоа, тие во светот на суперјунаците дефинитивно би биле човечки „детектор за лага“, но до вистината би дошле со помош на ситни манипулации со кои би го завеле соговорникот и би го натерале да им ги каже вистинските намери.

Јарец – управување со мисли
Припадниците на овој знак ги краси неверојатна ментална енергија и упорност, со кои можат да управуваат со другите и нивните одлуки. Така, тие во светот на суперјунаците би ги контролирале мислите и би всадувале идеи во мозоците на луѓето.
Водолија – исчезнување
Припадниците на овој знак би биле оние јунаци кои лесно би станувале невидливи. Нивната способност за исчезнување од ситуациите кои не им одговараат – се запрепастувачки. Таквата способност им помага да „лутаат“ со мислите и да преминат преку најтешките ситуации.
Риби – создавачи на светови
Способностите за фантазирање на припадниците на овој знак и во реалниот живот се навистина неверојатни. Нивната фантазија и креативност немаат граници, па тие лесно би пишувале сценарија како во „Матрикс“, или би создавале футуристички светови по своја волја.Овен – неограничена енергија
Припадниците на овој знак лесно би можеле да бидат суперјунаци, а посебната моќ која се

Пронајдете не на следниве мрежи: