Доколку се направи анализа на критериумите кои ги наметнал СДСМ во ДИК за всртена проверка излегува дека во избирачкиот список треба да бидат впишани поголем број на граѓани со право на глас, отколку што треба да бидат избришани.Имено, најголемиот дел од проверките не се однесуваат на таканаречените фантомски гласачи како што ги нарекува СДСМ, ниту на спорни гласачи, туку на гласачи кои треба да бидат предмет на анализа заради тоа што се појавиле при вкрстувањето на базите по одредни критериуми. Јасно е дека ќе се интервенира само во два случаи.
Да се избришат тие што се во списокот, односно се наоѓаат во базата на МВР, а во меѓувреме починале. Ваквата ситуација се случила поради фактот дека овие лица се впишани во книгата на починати, но смртта не е пријавена во МВР. Од забелешката јасно се гледа дека не е познато дали записите се за неодамна починати лица или се работи за постари записи.
Втората категорија која не е спорна, се гласачи кои извадиле биометриски документи и се наоѓаат во базата на МВР, но не се впишани во избирачкиот список.
Како што дознаваме по овие два критериуми немало никакво разногласие и извесно е дека од избирачкиот список ќе избришани 2004 лица, а да бидат впишани 5860 лица.Имено, најголемиот дел од проверките не се однесуваат на таканаречените фантомски гласачи како што ги нарекува СДСМ, ниту на спорни гласачи, туку н
Пронајдете не на следниве мрежи: