Кралицата Елизабета Втора секој ден пие четири алкохолни пијалоци, што според стандардите на британското здравство ја прави алкохоличарка.Таа се држи секогаш на истите дози и секогаш на истите пијалоци. Нејзиното височество пред ручекот пие коктел од џин и дубон со лимон и лед, со ручекот чаша вино, а навечер една чаша суво мартини и една чаша шампањ.
Прво што јаде откако ќе се разбуди се кекси со чај, а доручкува овошје и житарици со млеко. Понекогаш знае да јаде и кајгана со димен лосос. За ручек главно јаде зеленчукл и месо, но затоа после секогаш се засладува со чоколадо.
Кралскиот кувар Дарен МекГрејди вели дека кралицата „чокохоличар“, но дека сака и кељ и киноа. Омиелн десерт и е пита со кора од чоколадо полнета со пусли и крем од црна и бела чоколада.
Кога ќе дојдете во некои години добро знаете што сакате, па така и кралицата има свои фаворити. Кога е со нас, јаде грилована рива-јазик со зеленчук и чинија овошје. Дисциплинирана е кога станува збор за исхраната, но сака да проба и нови работи, вели МекГрејди.
Интересно е тоа дека кралицата Елизабета не сака бел лук и го забранила во целата палата.
Кралицата Елизабета е доста страствена. Во текот на една посета на Австралија во 1954 година се скарала со принцот Филип, а писателот Робер Хардман тврди дека по него фрлала кондури, му се заканувала и толку била бесна, „што во друг век некој сигурно таму би изгубил глава“.
Покасно се извинувала поради своето однесува, затоа што такво нешто се случувало во секој брак.
Таа се држи секогаш на истите дози и секогаш на истите пијалоци. Нејзиното височество пред ручекот пие коктел од џин и дубон со лимон и лед, со руч