Од 2006 до 2014 просечната пензија во Македонија се зголемила за 62%, од 7683 на 12445 денари.Најниската пензија пак се зголемила за 76% од 4330 на 7620 денари, додека највисоката пораснала од 27606 денари на 36007 денари или за 30,43%.
Од Сојузот на здруженијата на пензионерите велат дека покачувањата се клучни за подобрување на стандардот и овозможување на здрав и активен живот на околу 280 илјади пензионери во земјата.
Драган Аргировски, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери
Последното покачување на пензиите, за 600 денари, стартуваше од февруари. За таа намена од буџетот се издвоени 1,8 милијарди денари.
Од владата велат дека зашитата на пензионерите е приоритет. Старосната граница за пензионирање останува непроменета за разлика од други земји, како и дека Македонија е единствената земја во Европа која во тешки економски времиња во континуитет ги зголемува пензиите.Најниската пензија пак се зголемила за 76% од 4330 на 7620 денари, додека највисоката пораснала од 27606 денари на 36007 денари или за 30,43%.