Дали појавувањето на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, првите две виолини во СДСМ, на завчерашниот протест во Скопје и фрлањето балони со боја врз Министерството за правда од нивна страна не е смислен потег со кој раководството на СДСМ сака да искористи уште една привилегија од македонските институции повикувајќи се на својата политичка позиција на предводници на опозицијата?-прашува Дневник.„Нека ги казнат Зоран Заев, Фијат Цаноски, Билјана, Самка, сите што не гледате тука како претседатели на партиите и сите овие граѓани што се потписници, а се илјадници на број, не може да нe` казнат сите, не може да нe` запрат“, рече Заев упатувајќи ги балоните со боја врз зградата на една македонска институција. Дали во овие зборови на Заев, всушност, не се открива неговата намера дека политичките лидери треба да бидат привилегирани и различни од „обичните“ граѓани кога се однесуваат вандалски?
Обид за релативизација
Ги прашавме во СДСМ и дали ваквата изјава на нивниот лидер всушност не е предупредување до институциите дека никој не смее да се осмели да го казни и покрај тоа што прави прекршок или кривично дело, но одговори не добивме.
Заев се обиде да го релативизира вандалскиот однос кон уништувањето јавни објекти нарекувајќи го перформанс.
– Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки што се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт – рече Заев пред Министерството за правда.
Видеоснимките од настанот на кои се гледа дека Заев и негови сопартијци или коалициски партнери фрлаат балони со боја врз Министерството покажуваат дека полицијата очигледно е многу толерантна кога во првите редови се главните опозиционери, дозволувајќи им да уништуваат јавно добро.
Kоментарите во јавноста се дека ако тоа што го сторија Заев, Шекеринска, Цановски…, а претходно и неколку професори, го стореше обичен граѓанин, полицијата ќе реагираше веднаш и жестоко и оти тоа е доказ дека дури и во „револуција“ за правда лидерот на опозицијата не е еднаков со сите и се поставува над законот.
Поштеден од притвор
Впрочем, политичарот Заев досега доби низа „привилегии“ од институциите. Аболицијата од 2008 година што му ја даде Бранко Црвенковски како шеф на државата од денешен аспект изгледа како сосема обична привилегија што сопартиец на повисока државничка позиција му ја дава на сопствениот другар. Впрочем, Заев, како лидер на СДСМ, кој с` уште се води како предводник на цела опозиција, последнава година добива системски привилегии за низа законски процедури што се водат против него или дејства што треба да бидат преземени од него. Да беше само „обичен“ граѓанин, кој е обвинет за насилство на носители на највисоки државни функционери преку нивна уцена уште веднаш, според досегашното искуство на македонското судство, ќе му беше одредена мерка притвор. Наместо тоа, Заев се бранеше од слобода, па дури и ги одредуваше условите како и кога да се одржи судското рочиште – првично не признавајќи го судот, па не се појавуваше на судење, потоа барајќи специјален обвинител за него што судот во голема мера и го удоволи. Слично однесување покажуваше и во случајот „Поткуп“. Понатаму, да беше „обичен“ граѓанин, кој сам се фали дека поседува над 600 илјади снимки од прислушувани разговори (оваа бројка отиде и до милион) и притоа ги објавува, уште при првата објава јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе побараше претрес и ќе ги одземеше материјалите. Односот на Специјалното обвинителство на Kатица Јанева кон Заев, пак, не ми мора да се коментира. Доволно е само ако се повтори ценкањето при последното рочиште на „Пуч“, кога за одредување на новиот датум за рочиште битна беше и свадбата на ќерката на Јанева, пишува Дневник.
Апсурдот на ваквото однесување на двајцата први опозиционери е уште поголем ако се има предвид дека и двајцата претендираат за највисоки државнички функции, дури и премиерска, доколку дојде до смена на власта. Значи Заев и Шекеринска вчера го атакуваа Министерството за правда, еден од ресорите со кои би раководел идниот премиер од редовите на СДСМ.
Симболика дури и нема ни во тоа дека напаѓајќи ја институцијата, се напаѓаат функционерот и владејачката гарнитура на Министерството имајќи предвид дека овој ресор е во рацете на ДУИ со години, а пратениците на ДУИ, пак, вчера заедно со пратениците на СДСМ го потпишаа импичментот на Ѓорѓи Иванов како шеф на државата.
Политичката битка против Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е едно и средствата што се користат во неа против владејачка партија често немаат граници никаде во светот, но нападот на државни институции е сосема друго. Токму затоа вчера ги прашавме во СДСМ дали Заев и Шекеринска, кои фрлаа балони со боја врз македонска институција со која во иднина сакаат да раководат, ги почитуваат уставно загарантираната организација на власта и македонските институции?
Одговори, се разбира, не добивме.
Презерватив со боја врз Белата куќа или Даунинг стрит 10
Интересно, кога се во прашање претседателот и потпретседателката на СДСМ и привилегиите што тие ги имаат пред Уставот и законите на оваа земја во однос на секој друг граѓанин, странските амбасадори, кои често се јавуваат со пораките за владеење на правото, никаде ги нема. Тоа е само уште еден прилог кон тврдењата дека нив, всушност, не ги интересира владеењето на правото, туку се обидуваат да создадат еден искривен уставно-правен систем во Македонија, кој со некакви демократски и европски вредности нема никаква врска. Можете ли, имено, да ги замислите Доналд Трамп во САД или Џејмс Kорбин во Британија, како фрлаат балони или презервативи со боја врз Белата куќа, односно Даунинг стрит или руски опозиционeр врз Kремљ? Политички не би преживеале ни два дена, правно исто така, уште помалку ако тамошната јавност знае дека тие деструктивности се финансирани со странски пари. Замислете ги Соросовите пари претворени во боја врз Kремљ или пари од некој руски олигарх близок со Путин претворени во боја врз Даунинг стрит!„Нека ги казнат Зоран Заев, Фијат Цаноски, Билјана, Самка, сите што не гледате тука како претседатели на партиите и сите овие граѓани што се