Sport Vision со ново изненадување за своите потрошувачи!

 
Нова локација и двојно поголема понуда во Sport Vision ГТЦ
 
  
На 01.03.2018 (четврток) Sport Vision ги изненади своите потрошувачи со релокација на продавницата во срцето на Скопје, отсега во ГТЦ на приземје.
Sport Vision како лидер на регионалниот и македонскиот пазар за спортска опрема, облека и обувки, има цел на своите потрошувачи да им го обезбеди најдоброто купувачко искуство преку уникатно уредени продавници и посебно одбран асортиман од најдобрите светски спортски брендови.

Новата локација на приземјето на Градскиот трговски центар покарај тоа што овозможи Sport Vision да биде поблиску до потрошувачите, овозможи и збогатување на асортиманот.
На двојно поголемата површина од преку 600м2, поделена на две нивоа, Sport Vision ќе понуди асортиман збогатен со KIDS и FITNESS корнери. KIDS корнерот е дел од новиот концепт на продавниците на Sport Vision и претставува простор каде што можете да пронајдете облека, обувки и додатоци за Вашите најмили од препознатливите спортски брендови: Nike, Jordan, Adidas, Under Armour, Champion и Umbro. FITNESS корнерот е посветен на професионалните атлети и фитнес ентузијасти. Широкиот асортиман на фитнес справи, додатоци и спортски реквизити со сигурност ќе помогнат да го дадете најдброто од себе за време на тренинзите.

Реотворањето беше обележеано во духот на компанијата, целодневна забава со ДЏ, изненадувања, подароци, попусти и несекојдневен паркур настап. Паркур настапот симболично ја прикажа релокацијата на продавницата од првиот кат кон приземјето. Реотворањето и новата понуда не ја пропуштија и најголемите фанови на Sport Vision, меѓу кои беа и препознатливите лица на: Кокан Ајаноски, Дарко Глишиќ, Едина Муса, Димитар Атанасовски, Марко Марк, Елена Бубало, Атанас Михајловски, Ивана Атанасовска, Ивица Јаковлевски и многу други.

Забавата и изненадувањата не престануваат тука. Специјалните попусти од 20% и 30% ќе продолжат до 03. март (сабота).
Екипата на Sport Vision Ве очекува подготвена за нови предизвици на нова локација – Sport Vision ГТЦ приземје.

 
  
На 01.03.2018 (четврток) Sport Vision ги изненади своите потрошувачи со релокација на продавницата во срцето на Скопје, отсега во ГТ

Пронајдете не на следниве мрежи: