Спортската јавност остана во шок, откако се објави веста за трагедија којашто се случи на автопат во Аргентина.Загина сјајниот млад фудбалер Диего Франциско Барисоне. Овој 26-годишен фудбалер смртно настрадал откако автомобилот „Фолксваген-Скироко“ што го возел, се забил во задниот дел од камион што возел во иста насока на автопатот Росарио-Санта Фе.
Фотографијата од лице место сведочи за сериозноста и тежината на сообраќајната несреќа.
Несреќата се случила во близина на Корондо, а Барисоне одел на утрински тренинг кој бил закажан во 9 часот.
Барисоне ја започна сениорската кариера играјќи за Унион де Санта Фе во 2009 година. Во периодот 2013-2014 година бил во славниот клуб Аргентинос Јуниорс, а оваа година се префрлил во Ланус за кој пред трагедијата одиграл само 17 натпревари.
Во официјалната изјава, клубот од Санта Фе изрази „најдлабоко жалење“ поради овој настан и наведе дека сочувствува со семејството на настраданиот.Загина сјајниот млад фудбалер Диего Франциско Барисоне. Овој 26-годишен фудбалер смртно настрадал откако автомобилот „Фолксваген-Скироко&ldqu