Македонскиот национален празник Илинден годинава ќе биде одбележан со низа спортски активности во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Националните спортски федерации.Илинден е еден од најголемите национални празници, кој зазема значајно место во историјата на македонскиот народ. Во годината кога се одбележуваат 113 години од Илинденското востание и 72 години од АСНОМ, Агенцијата за млади и спорт во соработка со дел од националните спортски федерации ќе реализира повеќе активности за одбележување на празникот, со што преку неколку настани симболично ќе им оддадеме почит на нашите предци, кои придонесоа за создавањето на нашата држава.
АМС во соработка со Планинарската федерација на Македонија, годинава по Јубилеен 30-ти пат ќе го организира Традиционалниот Илинденски марш, кој што започнува од Скопје, преку Крушево и ќе заврши во Охрид со рута од 200 километри, каде што ќе бидат вклучени голем број планинари од планинарските здруженија во државата, но и гости од странство. Турата започнува денеска и ќе трае до 5 август.
По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт заедно со голем дел од учесниците Илинденскиот марш свечено положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев, на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас” во Скопје.
Прославувањето на големиот празник Илинден ќе го одбележи и Едриличарската федерација на Македонија, која во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Сојуз на спортски Федерации на Македонија и едриличарскиот клуб Снегар од Струга ќе ја организираат Ревијалната Илинденска регата, која ќе започне в недела (31 јули) со старт на градската плажа, после едриличарскиот клуб Снегар од Струга, а и годинава ќе се одржи Илинденскиот кајак спринт во недела на 31-ви јули.
На 31-ви јули и 1-ви август (недела и понеделник), во периодот од 09-12.00 часот на тениските терени во о. Илинден ќе се организира тениски турнир“Илинден 2016”, а во Охрид со поддршка на локалната самоуправа ќе биде организиран Илинденски Охридски мал маратон во пливање за деца јуниори на возраст од 12-16 години. Натпреварот ќе се одржи во Охрид на 2-ри Август (вторник) со почеток од 10 часот. Почетокот на трката ќе биде од Хотел Парк до Охридско пристаниште со должина на патека од 3 километри.
Во одбележувањето на овој голем празник се приклучи и Велосипедската федерација на Македонија со организацијата Меѓународната Друмска Велосипедска Трка “Илинден 2016” која се одржа на 23 јули.Илинден е еден од најголемите национални празници, кој зазема значајно место во историјата на македонскиот народ. Во годината кога се одбележуваат