СДСМ сè уште не се откажува од идејата на насилен и незаконски начин да се избере претседател на законодавниот дом. Со цел да ги испорачаат барањата за кои се задолжиле, тие се подготвени за спроведување насилно сценарио, а со цел доаѓање на власт.Ова тврдење го поткрепуваат сè поголем број стручњаци и поддржувачи на СДСМ, кои јасно и гласно му даваат поддршка на Зоран Заев и го охрабруваат да го почне насилното сценарио за незаконски избор на претседател на Собранието. Последна во низата е професорката Гордана Попосимонова, која го повика Заев да се осмели и да не губи време повеќе.
„Зоране Заев, сѐ што можеше да направиш за нормален, демократски, правен и мирен трансфер на власта, направи. Одеше на сите можни дебати, ја промовираше новата владина програма, даде сѐ од себе да ги убедиш граѓаните во твоите добри намери, конструктивни планови, развојни проекти и позитивни визии. Отсега натаму, времето ќе работи против тебе и сè поголем број луѓе ќе се прашуваат дали си способен да ги преземеш работите во свои раце. Сè поголем број од оние 700 илјади гласачи кои стојат зад твоето мнозинство, ќе се разочаруваат во твојата нерешителност. И токму затоа, собери ги 67 легално и легитимно избрани пратеници во некоја од собраниските сали и изберете претседател на Парламентот и мандатар кој ќе состави Влада. Ако некој ве опструира и таму, соберете се, ако треба во Паркот на Жената борец под споменикот на АСНОМ-ци. Никој не може на мнозинството народни избраници да им забрани да заседаваат и да го работат она за што се избрани. Осмели се, Зоране. Рубикон мора да се премине. Нема да бидеш сам“, пишува на „Фејсбук“ Попсимонова.
Ваква идеја предложи и екс министерот на СДСМ и претседателски кандидат Љубомир Фрчковски кој на 4-ти овој месец напиша дека Зоран Заев наместода оди по обвинителските шупи, треба да оди во парламентот и да формира влада, да преземе одговорност.
–Парадоксално, но СДСМ може да ја воведе земјата во вистинска криза, ако продолжи да се „фемка“, да одолговлекува, да покажува знаци на „процедурална заробеност и вкочанетост“, трошејќи ја огромната доверба дадена од 700.000 гласачи кои се недвосмислени победници на овие избори – за преземање на власта и формирање на влада. Значи, драги мои другари СДСМовци, освен пенкалото за гласање ќе ни треба сепак и едно „малку подебелко пенкало со јајца на крајот“ – за преземање на власта која ни ја изгласале граѓаните, им дава поддршка и ги охрабрува Фрчковски.
На оваа тема своето мислење го даде и Мерсел Биљали, еден од експонентите на Сорос блиски до СДСМ, кој понуди начин како да се заобиколи волјата на мнозинството Македонци и да се спречат дискусиите за штетните последици на прифаќањето на Тиранската платформа.
–Добро е мнозинството да размисли самото да избере претседател на Собранието и на Владата, во кои и да било простории. Таквата влада сигурно дека веднаш ќе биде признаена од ЕУ и САД и тие фактички ќе ги прекинат сите врски со оваа постојната влада, министерствата и другите органи, вели Биљали.
Медиумите пишуваа дека меѓу сценаријата е и она кое подразбира насилна узурпација на столчето на претседавачот Трајко Вељаноски, со што на негово место би дошол, веројатно, пратеник од ДУИ, кој би ги протуркал предлозите на Заев.
Третото сценарио за кое сѐ погласно се говори меѓу членовите на СДСМ лојални кон Заев е предизвикување насилни инциденти и внатре во Собранието и надвор. Поврзаноста на СДСМ со наркомафијашките структури е јавна тајна и не треба да се исклучи можноста тие повторно да му се стават на располагање на Заев за да се скрати правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, демократски во Собранието да се спротивстават на реализирање на Тиранската платформа.
Дека државата не е нивниот интерес, вчера потврдија и од партијата на Зијадин Села од каде отворено кажуваат дека пред државата им е албанскиот национални интерес.
Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на почетокот на месецов предупредија дека според нивните сознанија СДСМ ќе се обидат насилно да изберат претседател на законодавниот дом. Тие ги повикаа сите граѓани секојдневно масовно да излезат и да ги поддржат во нивните барања, меѓу кои отфрлување на Тиранската платформа која е вовед во федерализација на Република Македонија.
–Наспроти барањето на стотици илјади граѓани да се отфрли тиранската платформа, тој срамен документ изготвен во туѓа држава, потписниците и поддржувачите ќе сакаат насилно да го спроведуваат. За СДСМ е поважна власта од јазикот, името, знамето и носењето на земјата на патот кон федерализација. Така беше и во ’93 со името, ’95 со знамето, така беше и со референдумот 2004 година. Така е и денес. Спремни се да скршат деловник, закони и Устав, само за да дојдат на шверцерски начин на власт, истакнаа од „За заедничка Македонија“.Ова тврдење го поткрепуваат сè поголем број стручњаци и поддржувачи на СДСМ, кои јасно и гласно му даваат поддршка на Зоран Заев и го охрабр