Spotify ја објави листата на песни со најмногу стриминг во историјата: Меѓу нив хитовите од The ​​Weeknd, Ед Ширан (Фото)

Музичката апликација Spotify сподели листа на топ 10 најстримувани песни во својата историја.Со текот на годините, Spotify стана платформа за милиони луѓе кои ги бараат своите омилени песни, а некои од нив останаа на врвот на листата долги години.Убедливото прво место го зазеде песната „Blinding Lights“ на The Weeknd која има 4.640.150.204 преслушувања. Оваа песна доби најголема популарност во март 2020 година, кога служеше како саундтрак за предизвикот TikTok и од таа година ја зазеде позицијата на најдобра песна на годината. Исто така, се смета за најдобра песна на сите времиња на Билборд листата.Втората позиција ја зазеде песната „The Shape of You“ на Ед Ширан, која на овој уметник му ја донесе наградата Греми за најдобра поп соло-музичка изведба. На следната позиција е песната на Луис Капалди „Someone You Loved“, која воедно е и прв хит на неговиот прв албум.На четвртата позиција се најде песната на Хари Стајлс „As It Was“, потоа „Starboy“ на The Weeknd, „Sunflower“ на Post Malone, „One Dance“ на Дрејк, „Sweater Weather“ на The Neighbourhood, „Stay“ од The ​​Kid Laroi и „Believer“ од Imagine Dragons.

Пронајдете не на следниве мрежи: