Спречен инцидент помеѓу навивачите на Шкендија и Вардар во Тетово

Тетовската полиција спречи вчера попладне да дојде до поголем инцидент и оневозможи да има физички контакт помеѓу навивачите на Шкендија и на Вардар, кои ненајавено допатуваа во Тетово.Четириесетина навивачи допатувале од Скопје во сопствена режија со намера да го гледаат куп натпреварот помеѓу домашната Шкендија и Вардар и покрај тоа што немале билети и што двата клуба се договориле да нема присуство на гостински навивачи.
Тие биле пресретнати од 40 до 50 навивачи на Шкендија, кои во меѓувреме разбрале за нивното пристигнување и излегле од стадионот, меѓутоа со интервенција на полицијата од Тетово спречен е физички контакт помеѓу двете групи. Тогаш, навивачите на Шкендија започнале да фрлаат со камења кон навивачи на Вардар, а тие им возвратиле. При тоа, оштетени се три патнички возила и едно службено возило на СВР Тетово, но повредени нема, се вели во соопштението.
По кусо време, навивачите на Вардар се внесени во автобусот со кој дошле и испратени се кон Скопје, додека навивачите на Шкендија се вратени на градскиот стадион. По завршувањето на натпреварот, група навивачи на Шкендија, кои се наоѓале на западната трибина, се обиделе да ја прескокнат металната ограда и да влезат на теренот, но биле спречени  во тоа, па уследило фрлање со камења и во главата бил погоден и повреден гостинскиот голман И.П.( 32 ).
Навивачката група, потоа се разотишла без други инциденти. Се преземаат активности за идентификување на учесниците во овие инциденти, кои ќе се соочат со соодветни поднесоци.Четириесетина навивачи допатувале од Скопје во сопствена режија со намера да го гледаат куп натпреварот помеѓу домашната Шкендија и Вардар и покрај

Пронајдете не на следниве мрежи: