Спречен можен нуклеарен напад врз Русија: Путин презема воени мерки

Некои аналитичари сметаат дека исчезнувањето на рускиот претседател Владимир Путин од очите на јавноста цели 11 дена, има врска со подготовката на Русија да се заштити од нуклеарен напад.Министерството за одбрана на Русија, наведе дека Путин пратил опомена до САД и ЕУ, со акцент дека британскиот премиер Дејвид Камерон мора итно да биде отстранет, инаку ќе дојде до катастрофални последици, пренесе Webtribune.
Во Кремљ веќе никој не е сигурен во тоа дека американскиот претседател Барак Обама може да ја води државата, откако заменичката на државниот секретар на САД која е задолжена за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд, збеснала поради тврдењата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, дека поранешниот потпретседател Дик Чејни ја води Америка.
Од друга страна, целта за ваквиот чекор на Путин се појави откако пристигнале известувањата од службите кои откриле план за нуклеарен напад против Руската федерација од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој требал да се случи оваа недела.
На оваа информација треба да се додаде и фактот дека токму Камерон пред два дена изјави дека не сака трет мандат за премиер. Дали оваа негова одлука е последица на заканата од Русија или не, сѐ уште не е потврдено.
Исто така, не е познато дали САД се соучесници во планот на Камерон.
Како одговор на оваа закана, Путин организирал состанок во тајниот подземен комплекс Јамантау, во планината Урал, каде што разговарал за сите можни офанзивни, одбрамбени, тајни и психолошки мерки кои се потребни за спречување на војна. Во случај превенцијата да не успее, Руската федерација ќе го нападне Западот со целото достапно оружје, па и нуклеарното.
Еве што наредил тој:
– Моментално отворање на 5.000 нови атомски засолништа во Москва чија изградба ја наредил Путин уште во 2010-тата година, а кои се завршени во 2012-тата година;
-Евакуација на клучната опрема и персонал во овие засолништва;
-Поставување на нуклеарни балистички ракетни системи во најзападниот регион на Русија, Калининград;
-Воспоставување на стратешки нуклеарни бомбардери на Крим;
-Активирање на целосната борбена подготвеност на сите воздушни сили на северозападот;
-Активирање на целосната борбена подготвеност на десетици илјади војници кои ѝ припаѓаат на Северната флота и Западниот воен округ;
-Активација на сибирските противвоздушни сили.Министерството за одбрана на Русија, наведе дека Путин пратил опомена до САД и ЕУ, со акцент дека британскиот премиер Дејвид Камерон мора итно да б

Пронајдете не на следниве мрежи: