Турските служби спречија терористички напад на меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул.Турските медиуми пишуваат дека разузнавањето добило информација дека во Истанбул пристигнала Ебру Фират од Курдската работничка партија, со кодно име „Амар”. Според информациите на разузнавачките, таа пристигнала во Истанбул од Дијарбакир со цел атентат.
Жената била уапсена, но не се соопштува дали имала појас со експлозиви. Според турските медиуми, Фират била веднаш однесена во станица во Истанбул.
Анкара ги обвинува активистите на ПКК за мноштвото терористички напади кои ја потресоа земјата во последните месеци.
Мерките на аеродромот „Ататурк”, пак, се вонредни по терористичките напади од 28 јуни оваа година. Три експлозии одекнаа на аеродромот и загинаа 44 лица, меѓу кои 19 странци, а 239 лица, пак, беа повредени.
Турската влада подоцна изјави дека зад нападот стои терористичката организација „Исламска држава”.Турските медиуми пишуваат дека разузнавањето добило информација дека во Истанбул прис