Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока.По добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа презеде низа предистражни мерки и активности со цел откривање на лицата кои неовластено вршат продажба и дистрибуција на алкохолни и енергетски пијалоци без акцизни маркички и без притоа да бидат платени царинските давачки.
Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и превозни средства беа лоцирани лицата В.М и Д.М од Ресен кои вршат неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци во подрачјето на градот Прилеп и беа лоцирани локациите каде се продаваат пијалоците во Прилеп.
На 17.02.2016 година, споменатите лица беа пресретнати и стопирани на патниот правец Ресен – Битола. Во исто време, со наредба од судија во претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории во Ресен, при што се пронајдени:
– 480 парчиња од 0,25 ml eнергетски пијалак Ред Бул,
– 25 шишиња од 0,5 литри коњак Скендербег,
– 25 шишиња од 0,5 литри узо Корча,
– 7,5 литри маслиново масло
– 2 шишиња ликер Мента од 0,5 литри,
– над 70 разни ветеринарни лекови (100 и 200 ml),
– 27 плински уреди и 2 плински решоа,
– етикети за коњак Скендербег,
– инсектициди, потпалувачи за оган и др.
За одземената стока е утврдено дека е без соодветни документи и истата била пуштена во слободен промет без притоа да бидат платени царинските и други давачки, согласно закон. Стоката е одземена, а по завршување на истрагата и целосно комплетирање на случајот, Царинската управа против сторителите ќе поднесе соодветна пријава.По добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп, Одделението за истраги при Секторот