Цариниците во недела спречија обид за шверц на околу 5,2 кг наркотичка дрога –хероин на Граничниот премин Богородица.Како што информираат од Царината, во еден час по полниќ, за влез во државата на граничниот премин Богородица царинските службеници селектирале за детален преглед автомобил „голф-5“ со македонски регистерски таблички, управувано од лицето И.С., македонски државјанин, кој патувал на релација Истанбул-Скопје.При преглед на возилото, во специјални изработени прегради (бункери) од внатрешната страна на четирите бандажи од возилото, како и во ќеса обвиткана со алуминиумска фолија и самолеплива трака во внатрешноста на акумулаторот, пронајдени се 5.2 килограми хероин.Вредноста на дрогата, доколку завршеше на пазарот на мало, би достигнала 500 илјади евра.Истовремено, (околу 01:30 часот по полноќ) на граничниот премин Деве Баир, при преглед на бугарски автобус пријавен за излез од државата, во пределот за рачен багаж над седиштата, царинските службеници пронашле најлонска ќеса, во која е пронајден еден пакет со марихуана со вкупна тежина од 1,2 килограми.
МакфаксЦариниците во недела спречија обид за шверц на околу 5,2 кг наркотичка дрога –хероин на Граничниот премин Богородица.