Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) ги повика сите студенти и студентски организации утре да се вклучат во помагање на граѓаните од Скопско кои беа зафатени од поплавите. Превозот до поплавените населби е организиран. Тргнувањто е во 11 часот од платото на УКИМ.– Да се собереме пред платото на УКИМ и со организиран превоз и средства ќе се упатиме кон погодените места. На вас треба да имате стара облека и по можност алат за работа. Секој студент е добредојден да се приклучи кон акцијата, а исто така ги покануваме и сите студентски организации. Секој волонтер ќе добие медицинска маска и ракавици, информира СПУКМ.
Студентскиот парлемент посочува и дека од разговор со жителите во поплавените подрачја, најголема помош им е потребна во физичка сила за расчистување кал, урнатини и вода од нивните домови.
– Ние немаме машини и механизација, но сите имаме големо срце и волја со гумени чизми, лопата и ракавици да помогнеме. Заедно, здружени, ние студентите, најмладата сила, да помогнеме на нашите сограѓани од населените места кои се најмногу погодени од невремето, пишува во повикот на СПУКМ.– Да се собереме пред платото на УКИМ и со организиран превоз и средства ќе се упатиме кон погодените места. На вас треба да имате стара обле