СДСМ ја почна својата антикампања за претстојните избори закажани на 11 декември, која се состои во закани и планско навредување на луѓе со лажни профили.Лажните профили на СДСМ на социјалните мрежи работат со полна пареа.
Како партија која зборува за постоење на фантоми, сигурно во пребројувањето на непостоечки гласачи биле вброени лажните профили кои ги користат за заплашување на неистомислениците.
Пред да се донесе конкретен договор за одржување избори како и изгласување на петтиот член на ад-хок телото за медиуми, чие место го пополни Љуљзим Хазири и поставувањето на Санта Агирова како уредник на МТВ, беше најавено од владеачката партија дека ќе се излезе во пресрет на барањата на СДСМ за да се стави конечна завршница на политичката криза која доведе до трајни последици врз економско-политичкиот живот во земјата.
Се појавија и прогнозирања дека СДСМ во наредните 100 дена ќе започне со заплашување, манипулација и благо речено „удирање по гради“ за извојувањето на договор, преземајќи заслуги за постигнување на договор за одржување на избори на 11 декември.
Откако беше најавено дека на 2 септември ќе се формира Владата која ќе треба да ги спроведе изборите, веднаш започна бркањето на позициите и повторно Оливер Спасовски се наметна како шеф на полицијата.
Оваа „победа“ за конечно поставување датум за избори веднаш им удри во глава и во тој „победнички“ елан се препозна вистинското лице на СДСМ.
Не трпејќи критики на нивните објави и нарцисоидни испади во благото насладување на „победата“ со која нема да ги исперат досегашните небулози и непотистички потези, напаѓаат сѐ живо.
Во овој случај, дежурните лажни профили на Петре Шилегов нападнаа лице со хендикеп и активист за права на хендикепирани лица не бирајќи зборови за нејзино заплашување.
Да потсетиме, Бранкица Димитровска постојано е под лупата на СДСМ и нивните активисти не бираат средства и зборови за да ѝ се закануваат и напаѓаат. Безмилосно навредуваат лица со хендикеп, наскоро ќе почнат и да тепаат неистомисленици како резултат на вакво насилство. Погледнете повеќе ТУКА.
И јас сум Бранкица. И мене протерајте ме!
Во продолжение може да посведочите каква иднина за граѓаните и државата се наѕира во најновата „победа“ на СДСМ:
Лажните профили на СДСМ на социјалните мрежи работат со полна пареа.
Како партија која зборува за постоење на фантоми, сигурно во пребројув