Влијателни научници добиле пари од шеќерното лоби за да се минимизира улогата на шеќерот при нанесување на срцеви болести наведено во извештај од 60-тите, покажуваат новообјавени податоци, цитирани од. „Гардијан“.Истражувачите, поддржани од шеќерната индустрија, ги посочиле прехранбените масти како главна причина за коронарна болест на срцето, наместо шеќерот. Иако извештајот е стар повеќе од 50 години, неговиот пример ја покажува битката која се води во прехранбената индустрија, обидувајќи се да се спротивстави на негативните ефекти од прекумерното внесување шеќер, посочува весникот.
Откритијата доаѓаат врз основа на документи, неодамна откриени од научник на Универзитетот во Сан Франциско, според кои Меѓународната асоцијација за шеќер, позната тогаш како Фондација за истражување на шеќерот (ФИЗ) платила на експерти во 1967 година да направат преглед на медицинската литература на тема „улогата на шеќерот кај срцевите болести“.
ФИЗ го извршила истражувањето, кое подоцна било објавено во англиски медицински журнал, кој тогаш немаше барање за конфликт на интереси при составувањето на студиите. Тројцата научници од Харвард кои ја извршиле анализата, добиле суми еквивалентни на сегашните 50.000 долари од својата работа за ФИЗ.
Според коментар на Марион Нестле, објавен заедно со откритијата за фалсификување на студијата, прехранбената индустрија продолжува да влијае врз науките за јадење.
„Денес е речиси невозможно да го следиме опсегот на тоа кои компании за храна спонзорираат студии – од производителите на повеќе процесуирана храна, пијалоци и адитиви до производителите на млечни производи, месо, овошје и зеленчук, обично се даваат резултати во полза на интересите на спонзорот“, посочува Нестле.
„Спонзорството на прехранбените компании, намерно или не, ја поткопува довербата на јавноста во науките за јадење, придонесува за забуна на јавноста за тоа што да се јадат“, додаде таа.
Во соопштението, беше посочено дека ФИЗ требало да изврши поголема транспарентност при изготвувањето на своето истражување, но исто така ги обвини авторите на новите откритија дека се во потрага по сензационалност.Истражувачите, поддржани од шеќерната индустрија, ги посочиле прехранбените масти како главна причина за коронарна болест на срцето, наместо шеќеро