Немаат граници очајот, омразата и нервозата на СДСМ и структури блиски до опозицијата. Опозициските поддржувачи денеска срамно, скандалозно и крајно нечовечки се радуваат на смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова.Еден од најагресивните следбеници на раководството на опозицијата, плаќан од опозициски структури е лицето Саше Ивановски, задолжен за валканите идеи на опозицијата да ги претвори во јавна информација.
Ивановски на неговиот портал Мактел денеска излезе со скандалозен наслов во кој се радува на смртта на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова.
-Добро ни тргна денов, почина големата вмровка Есма Реџепова, напиша Ивановски.
И додека по повод смртта на големата ромска кралица на песната сите искрено споделуваат сочувство и со пиетет објавуваат за оваа голема жена, порталот поддржан од раководството на опозицијата ликува на човечка трагедија.
Пред само неколку дена, кога во јавноста проструи веста дека Реџепова е тешко болна, опозицискиот портал и тогаш излезе со скандалозна вест во која и посакуваше смрт.Еден од најагресивните следбеници на раководството на опозицијата, плаќан од опозициски структури е лицето Саше Ивановски, задолжен за валканите ид