Марко Николиќ, Маја Оџаклиевска и пријателките на Маја тврдат дека не можат да ја препознаат во реалното шоу.
Вчерашни гости на шоуто “Големиот брат” требаше да бидат Марко, братот Маја Николиќ и нејзините три блиски пријателки. Сепак, тие го откажаа гостувањето неколку минути пред шоуто.
– Имавме закажано гостување на Марко Николиќ, Маја и нејзините пријателки, но сите ни откажаа. Нивното отсуство се обидоа да се оправдаат со зборовите дека не можат да ја препознаат и дека таа е сосема поинаква во приватниот живот, а дека на ТВ екраните не личи на себе – рече водителката Маријана Мичиќ.
Организаторите на емисијата како итна замена за гостите ги донесоа водителите Дарко и Марко од радио Б92, а подоцна во студиото се приклучи и другар на близнаците Жарко и Жељко. Сите во студиото се согласија дека публиката треба да ја исфрли Маја.
Помладиот брат на Маја Николиќ живее во Виена, се занимава со музика, но тој никогаш не успеа да направи кариера во Србија. Работел долго време како музичар на Драгана Мирковиќ, а со сестра му е во добри односи само поради своите родители.
– Сите заедно ја гледаме Maja во „Големиот брат” и навиваме за неа – неодамна изјави Марко за „Свет Плус“, а ние претпоставуваме дека ова го изјавил затоа што порано не му било толку многу срам.
Марко Николиќ, Маја Оџаклиевска и пријателките на Маја тврдат дека не можат да ја препознаат во реалното шоу.