Срамно е што Жерновски преку соопштенија на општина Центар шири лажни вести

Граѓаните на Центар денеска преку фан страницата на Фејсбук „Центар сака да дише“, го изразија револтот од работата на градоначалникот Андреј Жерновски, кој и покрај тоа што вети дека нема да се гради во Центар, издал 10-тира решенија за градба само во текот на последниот месец.Тие му порачаа на Жерновски дека е срамно преку соопштенија на општина Центар да шири лажни вести и обвинувања наместо да даде одговори.
-Господине Жерновски кажете колку одобренија за градба во Дебар маало потпишавте откако сте градоначалник на општина Центар , нашите податоци се дека се 10 – тина само последниов месец, заради транспарентноста спрема граѓаните должни сте да дадете одговор наместо да обвинувате, пишува во Фејсбук статусот на „Центар сака да дише“
Тие му порачаа на Жерновски дека е срамно преку соопштенија на општина Центар да шири лажни вести и обвинувања наместо да даде одговори.

Пронајдете не на следниве мрежи: