Синоќешното реми на Македонија во натпреварот против Србија (27:27) на ЕП 2016 во ракомет во Полска, им овозможи на нашите ракометари да поминат во наредниот круг од натпреварувањето.Сите оние коишто беа во можност да го следат мечот, беа сведоци на лавовска борба на теренот во која од почетокот до крај резултатот претставуваше мртва трка во која одлучуваа само најхрабрите за минималните промени во истиот.
Повеќепати се изедначуваше, па повторно се доаѓаше во водство. Ракометарите од двете репрезентации даваа сѐ од себе за да победат и да добијат можност да играат понатаму.
Синоќа, вистинските почитувачи и патриоти ги бодреа македонските ракометари, сите со заеднички сили навиваа за помин во наредната фаза, без оглед на боја и верска припадност. Македонија е мултикултуролошка земја и сите разлики се забораваат кога земјата остварува успеси на светски план, посебно во спортската сфера.
Што претставува можноста една мала земја да им парира на големите светски сили на спортски план? Кога си вечен аутсајдер и кога другите те гледаат со потсмев, надевајќи се дека ќе испаднеш уште во првиот круг?
Значи МНОГУ. Кога ќе заминеш во друга земја, ќе ги браниш боите на татковината, ќе се бориш да ги надминеш пречките (не само во облик на натпреварување), туку и притисоците од страна, кога мора да се соочуваш со вечниот проблем – зошто ПЈРМ? Зошто и како си победил, а доаѓаш од толку мала земја – веројатно судиите помогнале или си имал среќа?
За жал, успесите на нашите спортисти често се минирани од „ситници“ кои и тоа како знаат да извршат психолошки притисок. Но, тоа не е ништо, бидејќи благодарение на навивачите тоа минимално се компензира. Никогаш како досега Македонија не бележи толкава посветеност на спортот и навивањето, желбите на навивачите кои дури и неколку дена би патувале со автобус и повторно изморени ќе излезат на трибините да одекнат во црвено-жолто да му покажат на светот дека Македонија има што да му понуди на светот. Можеби не е приказ на светска сила, но е сила на срце кое со трепет очекува победа, моќен глас кој бестрашно скандира и навива за своите. Што е поубаво од тоа?
За жал, менталитетот кај поединци кај нас сѐ уште е на ниско ниво. Секоја чест на исклучоците кои не ги следат спортските настани бидејќи не ги интересира спортот, но што е со дежурните хејтери?
Дежурен мразач 24/7, 365 дена во годината, не знае за љубов кон своето. Не знае откако политиката и испраниот мозок ќе го земат данокот. Како забележаната загаденост на воздухот изминатиов период, така и одредени душички го загадуваат македонското. Наново, наново и наново.
Според некоја коинциденција или не, овие СДСМ-ПМ 10 честички веќе подолго време го онечистуваат просторот во нашата земја со небулозите, омразата, вулгарностите и мракот поради кој никако не можат да прогледаат. Од тој мрак, овие сеништа не ни сакаат да излезат.
Едно сениште направи обид да го омаловажи славењето на нацијата и пласманот на ракометарите со тоа што објави твит во кој праша: „Чии се овие ракометари?“ – притоа алудирајќи на знамето на Кутлеш кое претставува сонце со шеснаесет зраци и е милениумски симбол на македонскиот народ.
Симбол кој се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Симбол кој нашите предци гордо го носеле и величале за по илјадници години подоцна да се појави некој „интелектуалец“ кој притоа е активист на СДСМ-ПМ 10 најзагадувачката партија на политичката сцена и да плука по милениумската традиција на народот.
Чии се ракометарите? – Тие се НАШИ, тие се МАКЕДОНЦИ. Тие момци ги бранеа боите на НАШАТА ЗЕМЈА, на МАКЕДОНИЈА и остваруваат успеси ЗА МАКЕДОНИЈА. Ете кои се тие!
Сите оние коишто беа во можност да го следат мечот, беа сведоци на лавовска борба на теренот во која од почетокот до крај резултатот претставуваше