Србија должи извинување за историските и општествените неправди кон Македонија и македонскиот народ!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла и ја смета за неодговорна изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, дека “Србија згрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име, бидејќи таа го признала Косово и гласала за негово членство во УНЕСКО“ и дека мултилатерално Србија ќе го користи временото обраќање за Македонија во Обединетите Нации.
 
 СМК смета дека Македонија билатералните односи треба да ги гради на рамноправна и реципроцитетна основа, со взаемно почитување и немешање во внатрешните работи.
СМК смета дека Белград има историска одговорност за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913, заедно со Бугарија и Грција, и должи извинување за историските и општествените неправди кон Македонија и Македонскиот народ, а не продолжение на дискриминацијата и дискредитацијата во билатералните и мултилатералните односи.
СМК апелира до Владата итно и безусловно да објави крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и да го продолжи членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае.СМК смета дека Македонија билатералните односи треба да ги гради на рамноправна и реципроцитетна основа, со взаемно почитување и немешање во внатре

Пронајдете не на следниве мрежи: