Србија: Ни смртта не ги раздели-дедо потона со својата неподвижна сопруга

Сретен Ѓорѓевиќ, еден од евакуираните обреновчани, за српски „Ало“ ја раскажа драмата низ која поминале жителите на населбата Рвати.- Бев на работа кога се случи првиот воден удар. Тргнав кон центарот и таму како на филм еден огромен бран доаѓаше кон мене. Тоа беше ноќ од пеколот – раскажува Ѓорѓевиќ.
Тој и неговиот син веднаш започнале со евакуација на семејството и соседите.
– Имаше мајки со деца, спасивме и две трудници, една од нив носеше близнаци. Им викавме и на комшиите од долниот спрат на нашата куќа, им кажавме дека мора да излезат од таму. Од улицата не можевме да стигнеме до нив, поради огромниот воден бран, кој само надоаѓаше. Таму живееше една неподвижна баба, заедно со дедото кој не сакаше да ја остави.

 
Кутрите, ни вратата не можеа да ја отворат, го скршија прозорецот и се обидоа да излезат. Дедото можеше да се спаси, но не сакаше да ја остави бабата. Двајцата несреќно се удавија во таа дневна соба – вели Ѓорѓевиќ.
Само во Обреновац тешките поплави ги однесоа животите на тринаесет жители, а материјалната штета за уништените домови, улици, институции допрва ќе се пресметува.- Бев на работа кога се случи првиот воден удар. Тргнав кон центарот и таму како на филм еден огромен бран доаѓаше кон мене. Тоа беше

Пронајдете не на следниве мрежи: