Во Србија во недела се одбележуваат 14 години од почетокот на воздушните напади на НАТО на тогашната Сојузна Република Југославија, во кои настрадаа 2.500 луѓе, а ранети и повредени беа околу 12.500 луѓе.По повеќе од два месеца секојдневно бомбардирање почна повлекувањето на српската војска и полиција од Косово.Во чест на жртвите од бомбардирањето, српскиот државен врв ќе положи венци и цвеќиња на местата каде што страдаа цивили, припадници на војската и полицијата, како и 16 вработени во Радиотелевизија Србија, кои загинаа при ракетирањето на зградата на РТС.Бомбардирањето уследи по неуспешните мировни преговори во Рамбује и Париз меѓу Белград и претставници на косовските Албанци, за идниот статус на Косово.Првиот напад беше изведен на 24 март 1999 година во 19:45 часот со крстосувачки проектили и авиони од НАТО базата во Авијано, Италија.За време на 79 дневното бомбардирање на воени, полициски, но и цивилни цели, загинале или исчезнале 1.008 припадници на војската и полицијата, а ранети се 6.000 цивили, меѓу кои и 2.700 деца.Во нападите учествуваа силите на 19 земји-членки на НАТО, а вкупната материјална штета на територијата на Србија и Црна Гора е проценета на десетици милијарди долари, додека воените загуби на НАТО никогаш не се соопштени.Според српски официјални податоци, уништени или оштетени се 25.000 станбени објекти, онеспособени се 470 километри патишта и 595 километри пруги, оштетени се 14 воени и цивилни аеродроми, 39 болници и домови на здравје, 18 градинки, 69 училишта, 176 споменици на културата и 44 мостови.Со воздушните удари на НАТО беше изнудена дипломатска акција со потпишување на договор во Куманово на 9 јуни 1999 година, со кој СРЈ практично потпиша капитулација и се согласи повеќе од 37.000 војници на КФОР да дојдат на Косово.Главниот командант на НАТО на 10 јуни даде наредба за прекин на бомбардирањето, а истиот ден Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 1244.Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година.
МакфаксВо Србија во недела се одбележуваат 14 години од почетокот на воздушните напади на НАТО на тогашната Сојузна Реп