По примерот на македонскиот систем „МојТермин“ со интегрираниот здравствен информатички систем кој неодамна го воведе Србија, веќе се поврзани 449 здравствени установи од цела Србија, а дневно се креираат по 49.000 упати.Во денешното издание српскиот весник Политика пишува дека според проф. д-р Предраг Саздановиќ, директор на Клинички центар во Крагуевац, ова е историски важна новина за здравствениот систем на Србија. Во системот се прикажува бројот на закажани прегледи, кај кој доктор се закажани и во која установа. Благодарение на системот точно се гледа кој доктор не прегледал ниеден пациент, а кој прегледал и повеќе од просекот, пренесува весникот.
Според Мирослав Певац, посебен советник на Министерот за здравство на Република Србија, се планира во иднина на пациентите кои закажале преглед кај специјалист да им се испрати СМС порака со молба да го потврдат својот термин, а доколку го откажат, ќе може некој друг да го закаже истиот.
– Во Македонија, по чиј модел и ние работиме, е намален бројот на овие неискористени термини од 27 % на 3 %, додава Певац.
Од Управата МојТермин кај нас, веќе неколку години редовно се испраќаат СМС пораки со потсетување за закажаниот преглед или снимање, а воедно постои опција за откажување на прегледот доколку пациентот однапред знае дека нема да е во можност да се појави на закажаниот термин.
Во текстот на „Политика“ се наведуваат бројните предности на Интегрираниот здравствен информатички систем, како што се можностите за креирање електронски рецепт и упат со истовремено закажување преглед и дијагностички процедури кај докторот.
Инаку системот МојТермин во Македонија успешно функционира повеќе од три години. Во системот се креирани над 1.835.500 електронски медицински досиеја, интегриран е со над 70 софтверски компании, преку кои секојдневно пристигнуваат над 1,5 милиони побарувања, што овој систем го прави најголем електронски систем во државата.
Во денешното издание српскиот весник Политика пишува дека според проф. д-р Предраг Саздановиќ, директор на Клинички центар во Крагуевац, ова е исто