Србија на меѓународните финансиски пазари продаде еврообрвзница во вредност од 1,5 милијарди долари, со каматна стапка од 4,875 отсто и рок на доспевање од седум години.Министерството за финансии на Србија соопшти дека дел од прибраните средства ќе бидат употребени за предвремена отплата на скапи кредити, кои што државата ги земала во претходните години.„Во однос на првата продажба на еврообврзница на Србија во септември 20011 година, кога каматата изнесуваше 7,50 отсто, постигната е многу поповолна цена, која е пониска за 2,35 отсто“, се вели во соопштението.За српската еврообрзници интерес пројавиле вкупно 148 инвеститори, најмногу од САД, Велика Британија и Обединетие Арапски Емирати.„Тоа уште еднаш потврдува дека странските инвеститори денес ја оценуваат српската економија и државните финансии многу поповолно во споредба пред една и пол година“, се додава во соопштението.
МакфаксСрбија на меѓународните финансиски пазари продаде еврооб